МАСАКР ВО ФРАНЦИЈА, БИЗНИСМЕН Е ЗАСТРЕЛАН ВО ГЛАВА: Напаѓачот убил и уште двајца обезбедувачи и двајца мигранти
![](/media/main/2024/12/20241214200915.jpg)
Објавено во: Свет 14 Декември, 2024
Трагедија попладнево го потресе северот на Франција, кога во страшна престрелка загинаа пет лица. Насилникот подоцна и се предал на жандармеријата, признавајќи ја одговорноста за нападите.
Четирите жртви, убиени во близина на Данкерк, се двајца чувари и двајца мигранти, додека петтата жртва, 29-годишен бизнисмен, почина во Вормхаут.
Според извештајот на весникот Le Parisien, жандармеријата добила дојава за пукање и едно лице кое било пронајдено во несвест околу 15 часот. По пристигнувањето, еден маж бил пронајден со повеќе повреди, меѓу кои и прострелна рана во главата. Лекарите на местото на настанот можеле само да констатираат смрт.
Сопругата на жртвата, која била во куќата за време на нападот, изјавила дека нејзиниот сопруг излегол да провери што се случува откако слушнал звук од автомобил. Тогаш непознатиот напаѓач излегол од возилото и испукал неколку куршуми кон него пред да побегне
Осомничениот е 22-годишен маж
Околу 17:00 часот, 22-годишен француски државјанин се појавил во станицата на жандармеријата во Гивелде, каде ја признал одговорноста за убиството во Вормхаут и за четирите убиства во Лун-Плаж, наведува извор близок до истрагата. Во неговото возило биле пронајдени четири огнени оружја, а младиот човек веднаш бил уапсен.
Инспекторите веруваат дека причината за нападот би можела да биде спор меѓу осомничениот и компанијата на која и припаѓала жртвата од Вормхаут. Осомничениот споменал поранешни колеги, но расистичкиот мотив засега не е во центарот на истрагата.
фото: X* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ TРЕБА ДА СЕ ДОГОВОРАТ: Ќе пратат 100.000 војници во Украина?
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218211256.png)
ЗЕЛЕНСКИ НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Дали ќе се откаже од териториите?
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218201714.jpg)
УЗБЕКИСТАНЕЦОТ ПРИСТИГНАЛ ВО МОСКВА СПЕЦИЈАЛНО ЗА ДА ГО УБИЕ РУСКИОТ ГЕНЕРАЛ: Се крева ли тензија против мигрантите во Русија?
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218184148.jpg)
Збогум Шолц! Каква е понудата пред Германците за следните избори во февруари?
![](/media/main/250x170/2024/10/20241002191243.jpg)
ИМ ПАДНА ВО РАЦЕ: Уапсен убиецот на рускиот генерал Кирилов
![](/media/main/250x170/2024/12/20241218085219.jpg)
ТРАМП НЕ ГИ ПОКАНИЛ ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА: За еден од нив рече дека може да дојде
![](/media/main/250x170/2024/12/20241217192523.jpg)
ПРОГНОЗА НА УНХЦР: Дали е можно милион бегалци да се вратат во Сирија на почетокот на 2025 година?
![](/media/main/250x170/2024/12/20241217181612.png)
(ВИДЕО) УКРАИНЦИТЕ ЕЛИМИНИРАА РУСКИ ГЕНЕРАЛ: Се појави снимка од експлозијата
![](/media/main/250x170/2024/12/20241217175919.png)