ЗЕЛЕНСКИ НЕ СЕ СЛОЖУВА СО ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Дали ќе се откаже од териториите?
Објавено во: Свет 18 Декември, 2024
Украина и натаму останува на ставот дека нема да се откаже од своите територии во замена за мир.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за францускиот весник Ле Паризиен, зборуваше за можноста за преговори со Русија за примирје во Украина и за најавите од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за крај на војната.
Зеленски изјави дека нема да поддржи замрзнување на конфликтот со Русија за да се забрзаат мировните преговори.
„Доналд Трамп знае за мојата желба да не ги брзам работите на штета на Украина,“ изјави Зеленски.
Објасни дека секој мировен договор мора да вклучува враќање на окупираните територии и гаранции за безбедноста на Украина.
Трамп навести дека двете страни ќе мора да направат одредени отстапки за да се стави крај на конфликтот.
Украинската тајна служба успеа деновиве да елиминира руски генерал во Москва. Ова не е прв ваков случај. Ликвидацијата ја изврши узбекистански државјанин.Руската инвазија на Украина почна пред скоро три години.
фото Фејсбук/Володимир Зеленски
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.