21 Мај, 2024
0.0276

Машините пристигнуваат во Македонија

Објавено во: Економија 04 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Народна банка на РМ од вкупниот извоз на крајот од првиот и почетокот на вториот квартал од 2018-та нотира забележително високо ниво на увоз на машиони и опрема во македонската индустрија и останатите стопански гранки, дури и повеќе од рамките на проектираната анализа за периодот од март до мај. Растот од 4,4 % на крајот на март и растот од 3,9% во периодот април-мај се најдобрите квартални резултати во последните години. Според сручњаците, тоа е позитивен сигнал во една сосема друга насока за македонската економија.

„Увозот на стоки во април 2018 година се зголеми за 9,5% на годишна основа, одразувајќи го растот на повеќето увозни категории, а пред сè увозот на опрема и машини и увозот на суровини за новите индустриски капацитети.

Од друга страна, пад е забележан кај увозот на железо и челик, руди и тутун. Увозот на стоки во април 2018 година упатува на можност за остварување понизок увоз од проектираниот за вториот квартал. Гледано преку одделни категории, отстапувањето во најголем дел се должи на надолното отстапување кај увозот на еден позначаен индустриски капацитет, при умерено нагорно отстапување кај увозот на опрема и машини“, нотира НБРМ во јунскиот месечен извештај за макроекономските показатели.

Економскиот професор и советник во Владата на РМ, Ванчо Узунов, смета дека таквите инвестициски текови на домашните и странските претпријатија можат да ја извлечат македонската економија од монотонија.

- Македонскиот увоз стандардно се темели само на стоки за широка потрошувачка, а тоа не ја развива домашната економија, додека овој показател е добар затоа што тој значи дека има некакви поместувања. Замислете, ние како една од најнеразвиените земји во Европа имаме суфицит, и тоа огромен, покрај Косово, само со најразвиената европска економија - Германија, но тоа е затоа што ние таму продаваме поевтини производи а не го купуваме најдоброто од нивното производство - машините и опремата. Стопанствениците знаат дека ќе има работа и тоа позитивно делува на сите стопански сектори. Дури и мал пораст е одличен резултат за Македонија, затоа што се излегува од мртва точка. Тоа се цени во секоја економија, а особено во недоволно развиена како македонската. Очекувам долгорочно да продолжи овој тренд, затоа што и нашата Влада воведе стимулативни мерки на ова поле - гласи коментарот на Узунов.

И професорот на Машинскиот факултет при УКИМ, Јован Лазарев, го забележува позитивниот тренд во осовременувањето на капацитетите.

- Се купуваат компјутеризирано-управувани машини и ласерски машини, но и други современи машини. Тие го омасовуваат производството и го прават поконкурентно. Капацитетот „Раде Кончар“, на пример, откако доведе нови машини од една смена го зголеми производството на три смени работење. Исто и кај странските инвестиции, кои овдека носат комплетно нови машини. Секој деловен партнер пред да склучи договор прво што сака да направи е да дојде и да ги види капацитетите, како на пример, во Ван Хол, каде што постојано има такви гости - изјави Лазарев.

Александар Кузмановски

Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте