МИЦКОВСКИ СЕ ЖАЛЕЛ ДЕКА СДСМ И ДУИ ГО ЗЛОУПОТРЕБУВАЛЕ ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ ЗА НОСЕЊЕ ЗАКОНИ: Не работеле во интерес на граѓаните
Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2023
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Јохан Вадефул, заменик шеф на парламентарната група на ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот одговорен за прашања на надворешната работа и одбрана.
На средбата, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за актуелната политичка и економска состојба.
Мицкоски го информирал Вадефул дека парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ ги крши собраниските процедури и го злоупотребува европското знаменце за носење законски регулативи кои се во нивен интерес, а не во интерес на граѓаните.
Во однос на економската состојба, Мицкоски потенцирал дека македонската економија е во колапс, а актуелната Влада, како што се вели, наместо да е насочена кон решавање на ова прашање, е насочена кон криминал и корупција.
Мицкоски го информирал Вадефул дека се потреби итни реформи и промени кои ќе значат целосен ресет на нефункционалниот систем.
Мицкоски и Вадефул се согласиле дека соработката треба да ја продолжат во иднина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.