НОВИ ДВАЈЦА ЧЛЕНОВИ ВО УПРАВНИОТ ОДБОР НА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА - Максимовска Поповиќ и Џамбазовски добија согласност од Народната банка
Објавено во: Финансии 15 Јуни, 2022 15:52
Управниот одбор на Комерцијална банка се прошири со двајца нови членови. Тие се долгогодишни директори во банката.
„Комерцијална банка АД Скопје известува дека, согласно последните измени на Статутот на Банката, Управниот одбор на Банката во состав - Хари Костов, Претседател и Главен извршен директор, Илија Илоски, Член и Главен оперативен директор и Маја Стевкова Штериева, Член и Главен финансов директор, е проширен со уште двајца нови членови – Билјана Максимовска Поповиќ, Член и Главен директор за корпоративно банкарство и Никола Џамбазовски, Член и Главен директор за продажба и развој. Двајцата нови членови на Управниот одбор добија согласност од Народната банка на РСМ на 15.06.2022 година со мандат од две години“, извести најголемата македонска банка преку Македонската берза.
Билјана Максимовска Поповиќ има 25 годишно работно искуство во Банката од кое 19 години на раководни позиции во Секторот за кредитирање на стопанство. Никола Џамбазовски, има 19 години работен стаж во Банката во областа на кредитирање на стопанството и управување со проблематичните побарувања, од кои на раководни позиции последните 12 години.
Н.Н.Ф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрватите ги открија најпрофитабилните професии со и без факултет: „Земаат до 4.000 евра месечно“
Важно за сите што патуваат со авион: Оваа услуга на аеродромот е драстично поскапа
Изнајмувањето на овие работи е малку пари: Може да се земат до 200 евра месечно
Невидливата цена во текот на зимата: Отворањето на прозорците всушност ви одзема многу пари од џебот
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено





