22 Септември, 2023
0.0228

ПОЖАРНИКАРИТЕ И ДЕНЕС СЕ БОРАТ СО ПОЖАРИ: Активирани се и авионите, еве каде гори

Објавено во: Македонија 16 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Центарот за управување за кризи (ЦУК) информира дека пожарникарите и денеска се борат со повеќе пожари на отворено, а како поддршка од воздух се ангажирани и противпожарните авиони „ер трактор“ на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС). ЦУК информира за дел од нив - за пожарите кај селата Црнилиште, Долгаец и Стровија, во Општина Долнени и кај с.Ореше во Општина Чашка. Конкретно, Регионалниот ЦУК (РЦУК) Битола, извести дека врз пожарот кај селата Црнилиште, Долгаец и Стровија, во Општина Долнени, интервенираат 10 пожарникари со две противпожарни (ПП) возила од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Прилеп, седум (7) лица на ДЗС од Прилеп, 25 жители од месното население и трите противпожарни авиони на ДЗС. Инаку, за пожарот што утрово беше пријавен во 09.00 часот што бил регистриран кај манастирот „Св.Ѓорѓија“, Општина Прилеп, по излегувањето на противпожарна екипа од ТППЕ Прилеп на терен со три пожарникари и со едно противпожарно возило, е утврдено дека се работело за контролирано палење на отпад. Регионалниот ЦУК Велес, известува дека пожарот, што започна на 14.09.2023 година околу 12:45 часот во атар на с.Ореше, Општина Чашка е се уште активен. Со пожарот е зафатена дабова и габерова шума. Денеска во гаснењето на пожарот интервенираат пет лица од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, а се очекува врз истиот пожар да дејствуваат противпожарни авиони на Дирекција за заштита и спасување (ДЗС), штом тоа че биде можно согласно динамиката на гасењето и техничките можности при целодневниот ангажман.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Груевски е гневен на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Груевски е гневен на Мицкоски и на раководството на ВМРО-ДПМНЕ

(ФОТО) Спасовски заедно со граѓаните беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Матејче

(ФОТО) Спасовски заедно со граѓаните беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Матејче

Милошоски за Груевски: Нека си пишува за своите приоритети, дали се лични или политички, не е битно

Милошоски за Груевски: Нека си пишува за своите приоритети, дали се лични или политички, не е битно

Млад скопјанец со украден автомобил прегазил жена и избегал

Млад скопјанец со украден автомобил прегазил жена и избегал

Полицијата го приведе лицето кое со автомобил сакало да удри во возилото на градоначалникот на Гази Баба

Полицијата го приведе лицето кое со автомобил сакало да удри во возилото на градоначалникот на Гази Баба

„ДЕЛ ГИ ДОНЕСОВ ВО ВМРО, ДЕЛ РАСТЕА ПОКРАЈ МЕНЕ“: Груевски гневен на Мицковски и на раководството на партијата

„ДЕЛ ГИ ДОНЕСОВ ВО ВМРО, ДЕЛ РАСТЕА ПОКРАЈ МЕНЕ“: Груевски гневен на Мицковски и на раководството на партијата

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа, балист, сега има улица у Скопје, изгласана у време на Шилегов

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

Задолжително познавање на бугарскиот јазик ќе биде нов услов за добивање бугарско државјанство

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ: Ќе се покачи минималната плата за десет отсто, еве ги деталите