17 Јули, 2024
0.0383

Правниците на СДСМ нудат бесплатна помош за партиски распределените кадри од новата власт

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

СДСМ објави дека нивните правници се ставаат на располагање секоја среда во 18.00 часот во партиското седиште за сите вработени во јавниот сектор кои сметаат дека се неправедно работно распределени од новата власт на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДСМ им нуди бесплатна правна помош на сите оштетени од грубата партизација на ВМРО-ДПМНЕ. Во државните институции ВМРО-ДПМНЕ спроведува груба партизација.

Она што се случува се незаконски разрешувања и распределувања, но и незаконско стопирање на завршени постапки за нови вработувања. Во рок од само неколку дена во МВР се распределени над 50 полициски службеници, дел и на раководни позиции.

Спротивно на законските норми се случуваат распределби и назначувња на неколку нивоа подоле. Еклатантен пример е случајот со поранешниот диркетор на БЈБ кој е симнат за 10 тина нивоа подоле на ниво на самостоен инспектор во полициска станица. Ова се случува и во други институции.

Има бројни примери и на отпуштања, после веќе завршени огласи за вработувања на нови кадри, неопходни за работа на институциите, незаконски се наоѓаат начини да не се реализираат. Нема место за професионалците во партиската шема на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ќе ги заштити обезправените од грубиот процес на партизација што сака да го наметне ВМРО-ДПМНЕ.

Правен тим од неколкумина правници и адвокати на СДСМ партијата бесплатно ги става на расплагање на сите на коишто им е потребна.

Секоја среда, во 18.00 часот, во седиштето на партијата, сите може да дојдат и да добијат бесплатна правна помош и бесплатно застапување пред надлежните органи.

Правниот тим на СДСМ е подготвен да поднесе кривчна пријава за сите основани случаи за кои постојат докази.

Вратите на СДСМ се отворени. Заедно ќе се спротивставиме на партизацијата и прекршувањето на законите кои ги спроведува ВМРО-ДПМНЕ во институциите“, порача Борче Цветков,пратеникот од СДСМ.


Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ ХЕЛИКОПТЕР, ХРВАТСКИ КАНАДЕР, ТУРСКИ ЕР-ТРАКТОРИ ГАСНАТ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пожарот на Серта се приближува кон селото Калањево“

СРПСКИ ХЕЛИКОПТЕР, ХРВАТСКИ КАНАДЕР, ТУРСКИ ЕР-ТРАКТОРИ ГАСНАТ ПОЖАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: „Пожарот на Серта се приближува кон селото Калањево“

ПОВРЕДЕН ЖИТЕЛ НА СИРАКОВО ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР: Има изгореници на рацете и на ногата

ПОВРЕДЕН ЖИТЕЛ НА СИРАКОВО ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР: Има изгореници на рацете и на ногата

ТОПЛИНСКАТА КУПОЛА Е „ВИНОВНА“: Македонија и делови од Европа ќе имаат историски долг топлотен бран до крајот на јули

ТОПЛИНСКАТА КУПОЛА Е „ВИНОВНА“: Македонија и делови од Европа ќе имаат историски долг топлотен бран до крајот на јули

ЕВЗОНИ Е ПОВТРНО Е ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ: Границата со Грција беше привремено затворена поради избувнување пожар

ЕВЗОНИ Е ПОВТРНО Е ОТВОРЕН ЗА СООБРАЌАЈ: Границата со Грција беше привремено затворена поради избувнување пожар

ОД СИТЕ СТРАНИ ОКОЛУ НАС ГОРИ, ЧЕКАМЕ ДА СЕ ИЗГАСНЕ ДЕЛ ОД ПОЖАРОТ ЗА ДА СЕ ЕВАКУИРАМЕ: Драматично видео од градоначалникот на Ново Село

ОД СИТЕ СТРАНИ ОКОЛУ НАС ГОРИ, ЧЕКАМЕ ДА СЕ ИЗГАСНЕ ДЕЛ ОД ПОЖАРОТ ЗА ДА СЕ ЕВАКУИРАМЕ: Драматично видео од градоначалникот на Ново Село

ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО БИТОЛА ВО ОДБРАНА НА МАНАСТИРОТ: Поддршка за нив на социјалните мрежи

ПОЖАРНИКАРИТЕ ВО БИТОЛА ВО ОДБРАНА НА МАНАСТИРОТ: Поддршка за нив на социјалните мрежи

ПРИСТИГНУВААТ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ НА ЕВЗОНИ: Возилата се пренасочуваат на Дојран

ПРИСТИГНУВААТ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ НА ЕВЗОНИ: Возилата се пренасочуваат на Дојран

„Техничка влада не може да носи одлуки за зголемување средства“: Димитриеска Кочоска за Буџетот бара и Обвинителство да реагира

„Техничка влада не може да носи одлуки за зголемување средства“: Димитриеска Кочоска за Буџетот бара и Обвинителство да реагира

ДЕСЕТ ВОЗИЛА И 22 ПОЖАРНИКАРИ ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ НА ЕВЗОНИ: Границата е затворена

ДЕСЕТ ВОЗИЛА И 22 ПОЖАРНИКАРИ ГО ГАСАТ ПОЖАРОТ НА ЕВЗОНИ: Границата е затворена