ПРИСТИГНУВААТ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПОЖАРОТ НА ЕВЗОНИ: Возилата се пренасочуваат на Дојран

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2024 13:36
Поради пожар на грчка страна во прекин е сообраќајот на граничниот премин Богородица - Евзони, а возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран, информираат денеска од АМСМ.
Претходно МВР ги извести граѓаните дека поради пожар кој избувнал на грчка страна, во прекин е сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.
Од полицијата апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.
Според извори на МИА од Гевгелија, пожарот избувнал пред 12 часот и гори до самиот граничен премин на излез од Грција.
На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.
Дописничката на МИА од Атина јави дека шумски пожар избувнал во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, оти преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот.
Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.
Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата. сст/ев/
Можеби ќе ве интересира
ВИКЕНДАШИТЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Гужва на Богородица и Табановце

СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста
