05 Октомври, 2024
0.0285

ПРИВРЕМЕНИОТ ЗАТВОР НА ПАЛЕВСКИ НАСКОРО ИСТЕКУВА: Што очекува Бубевски во однос на екстрадицијата?

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

За една недела му истекува привремениот затвор на првоосомничениот за двојното убиство на Панче и Вања, Љупчо Палевски во Турција. 

Шефот на скопското обвинителство, Гаврил Бубевски, на денешниот брифинг со новинарите рече дека во случајот со убиството на Вања и Панче нема нови осомничени лица и не гледа пречка постапката за екстрадиција од Турција на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо да заврши брзо.

На 6-7-ми февруари, истекува привремениот затвор што турските власти му го одредија на Палевски на 29-ти декември, осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Палевски моментално се наоѓа во затвор во Баликесир, Турција, каде може да биде задржан до една година. Се очекува по истекот на мерката од 40 дена да му биде продолжен привремениот затвор или притворот, затоа што македонските власти сè уште немаат добиено одговор од Турција за барањето за екстрадиција, кое беше испратено на 7-ми декември. Од Министерството за правда за „Фокус“ велат дека очекуваат одговор од Турција во следните неколку дена, по што ќе ја информираат јавноста.

По него беше распишана меѓународна потерница како осомничен за две кривични дела,  грабнување и две убиства на свиреп начин. Штом ќе го екстрадираат, Палевски ќе биде пречекан во земјава со судско решение за притвор од 30 дена и ќе биде префрлен во истражниот затвор во Шутка. Таму веќе се тројцата осомничени соизвршители. 

Во врска со партијата Десна, која продолжи со работа, каде дел од осомничените се членови, Бубевски додаде дека нема докази дека партиски влијанија имале некаква врска со дејствијата во случајот.

Малолетната Вања и Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3 декември.

Можеби ќе ве интересира

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче