ПРВ ПАТ ВО ТРИ ГОДИНИ ТОЛКАВ ПАД: Брегзит ја „лизга“ фунтата надолу
Објавено во: Економија 03 Септември, 2019
Британската фунта паднала утрово под нивоа од 1,20 долари, што не е видено уште од октомври 2016 година. Падот на фунтата настапил по британската уставна криза поради Брегзит.
Фунтата утрово, околу 8 часот по лондонско време се тргувала на ниво од дури 1,1968 долари, што е најниско ниво од октомври 2016 година, наведува CNBC.
Британските пратеници денес се враќаат од летен одмор , а се очекува опозициската Лабуристичка партија веднаш да побара веднаш итна расправа за Брегзит во настојување да го блокира излезот на Британија од ЕУ без договор.
Британскиот премиер Борис Џонсон ветил дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ последниот ден на октомври, дури и да нема договор , и покрај економистите кои предупредуваат дека таа одлука би можела да има тешки последици.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.