27 Ноември, 2024
0.0292

ПРВА, ВТОРА, ТРЕТА СМЕНА: Работат ноќе, спијат дење и промената на биоритамот „удира“ по здравјето

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Многу работници во земјава работат во смени, а посебно тешко им паѓа на оние кои имаат и трета смена, така што ноќе работат, а преку ден спијат. Оваа промена на животниот стил носи и здравствени ризици.

Лилија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари  вели дека едно е биолошкиот часовник на човекот, но мора да се прилагодуваме на потребите во општеството и во државата, а работата во смени постоела и ќе постои.

„Нормално дека работата во смени влијае на човекот, знаеме кои хормони се лачат наутро, а кои навечер, но работниот процес не можеме да го запреме, работата во смени постоела и во време на Југославија и натаму ќе постои. Луѓето се прилагодуваат во однос на исхраната, треба да се одморат пред да одат на работа трета смена за да можат да ги обавуваат работните процеси“, рече таа.

Психологот Лариса Стојковиќ Трајкоска објаснува дека работата е неопходна за опстанокот на луѓето, но и од работата зависи нивниот животен стил и квалитет на живот, што директно се одразува на физичкото, психичкото здравје и работоспособноста. Вели дека сигурноста и здравјето при работа се теми кои треба да бидат во фокус на работникот, работодавецот и државата.

Бројот на луѓе кои работат во смени е голем и кај нив е зголемена веројатноста да имаат повеќе здравствени проблеми во однос на оние работници со конзистентно работно време во текот на неделата. Работата во смени го менува и биолошкиот циклус на спиење и будноста која одговара на промените ден и ноќ. Основен проблем кој се појавува при пореметување на овој циклус е проблемот со сонот. Кога се занемарува механизмот на биолошкиот часовник кај човекот се активира стресен механизам. Во зависност од траење на стресот се разликуваат и последиците. Краткорочниот стрес делува на човековото расположение, проблеми со спиењето, замор, раздразливост, проблеми со желудникот, главоболки. Долгорочно изложеноста на психо – социјалниот стрес е поврзана со широк спектар на физички и ментални потешкотии кои вклучуваат анксиозност, депресија, болки во одредени делови, хроничен замор, ослабен имунитет, зголемен ризик од крвен притисок и дијабетес. Од контактот со лица кои работат во смени потребно е да се каже дека најмногу им недостасува нормален живот. За нив нормален живот би бил да имаат време за себе, за возење велосипед, повеќе време за своите семејства, време за кафе со пријатели, повеќе моменти во природа поминати на сонце и воздух“, вели Стојковиќ Трајкоска.

Таа додава дека работниците кои се под притисок имаат потреба да се одморат, а вложувањето во подобри услови за работа, обезбедување на заштита при работа, сигурност, не е трошок за газдите, туку е бенефит.

За мислење ги праваме граѓаните дали работеле во смени и доколку немаат такво искуство, дали би прифатиле.

„Јас 43 години работев во смени и нема потешко од тоа. Човек мора цел живот да се прилагодува и на луѓето и на приликите. Тоа си бара физички напор, го менувате биоритамот. Тогаш бев млад и ми беше лесно. Прва смена е најдобро, втората е лоша ако сакате навечер да излезете, да одите некаде, а третата смена е најлоша“, вели Љубиша Ивановски, граѓанин.

И другите анкетирани се согласуваат дека е најдобро да се работи прва смена.

„Порано работев во смени, но најдобро е да работиме прва смена. Трета смена не работев, само по потреба некогаш, а втора смена работев редовно и тоа беше порано додека фирмата беше државна. Најдобро е да работиме прва смена, потоа имаме време и добро е да работиме пет дена во неделата, а за викенд да сме слободни што е реткост во приватен сектор“, вели Марга П. граѓанка.

Следната наша соговорничка вели дека трета смена не би прифатила да работи.

„Јас сум работела во прва и втора смена. Не би прифатила да работам трета смена, не е ни платена“, рече Фросина Р. граѓанка.

Третата смена е застапена кај големите индустриски капацитети и компании чија дејност бара континуитет. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com/standret

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски