СЕ ПОЈАВИ КАРТА НА „ГОЛЕМА ЈУГОСЛАВИЈА“: Би се протегала од Клагенфурт до Истанбул!
Објавено во: Балкан 22 Ноември, 2019
„Исплива“ нова карта на „голема Југославија“.
Некои историчари и денес истакнуваат дека претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито сакал уште поголема и помоќна Југославија, која не би била регионална, туку и светска сила, а сигурно една од двете најголеми во Европа.
Историчарката Сабрина Рамет лани за медиумите рекла дека СФРЈ под Тито сакала да создаде интегрална Југославија, која би вклучувала региони одсоседните земји – Грција, Бугарија, Албанија, дел од австриска Корушка, како и целата италијанска провинција Фирланија – Јулиска Краина. Рамет се повикува и на изјавата на Светозар Прибичевиќ дека Југославија требало да се простира „од Соча до Солун“. Во тој систем се влучени и Бугарија и Албанија.
По Втората светска војна, Тито објави дека Југославија има право на Трст и на цела Корушка.
Се појави карта која покажува како би изгледала СФРЈ ако се оствареле Титовите планови и тоа за два случаја: ако се остварела визијата на Маршалот за вклучување на Албанија и на делови од Романија и на Грција, вклучувајќи го и Солун; и ако Бледската спогодба помеѓу Тито и Георги Димитров ја вклучуваше и интеграцијата на Бугарија во зедницата на југословенските земји.
Авторот на необичната карта наведува дека ако случајно комунистичката револуција во Грција успеала, а кон Југославија се приклучело и поранешното кнежество Влашка, денес историска покраина на Романија, би се случило тоа неверојатно сценарио – Југославија од Клагенфурт до Истанбул!