26 Октомври, 2024
0.0275

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СЕ СРЕТНА СО ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Клучот за нашиот развој е во интеграција согласно Копенхагенските критериуми и принципот на заслуги

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствaри средба со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

На средбата беа разменети мислења и информации за евроинтеграцискиот процес на земјава и перспективите за напредок, имплементацијата на реформите и придобивките од Планот за раст на Европската Унија за Западен Балкан.

Заблагодарувајќи се за нејзиниот личен ангажман и заложби во однос на проширувањето, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека Планот за раст е важен механизам со голем потенцијал, кој ќе ги забрза реформите, ќе придонесе за стандардизација, економскиот раст и напредок и ќе ја приближи земјата до Европската Унија.

Претседателката изјави дека македонските институции во повеќе области се подготвени за забрзана интеграција и вклучување во повеќе иницијативи и мрежи на ЕУ и изрази очекување дека процесот на интеграција ќе се спроведе врз основа на принципот на заслуги и Копенхагенските критериуми, пoтенцирајќи дека во нив е клучот за нашиот развој.

Посочувајќи ја важноста од одржување на кредибилитетот на Европската Унија во однос на политиката на проширувањето, претседателката ја истакна потребата од засилена поддршка од страна на европските институции со цел надминување на билатералните предизвици и забрзување на евроинтеграциите.

Претседателката изрази подготвеност за натамошно продолжување на дијалогот и ја истакна важноста новиот пристап на постепена, фазна интеграција да продолжи паралелно со процесот на пристапување.

Во контекст на регионалните случувања, претседателката Сиљановска Давкова посочи дека напредокот постигнат од секоја земја-кандидат од Западен Балкан позитивно влијае на регионалната динамика на пристапување во ЕУ и ги истакна своите заложби за натамошно унапредување на севкупната регионална соработка во интерес на заедничката стабилност, безбедност и просперитет.

Можеби ќе ве интересира

Комисијата за помилувања на Силјановска Давкова си даде колективна оставка

Комисијата за помилувања на Силјановска Давкова си даде колективна оставка

Се зголемува бројот на заболени од вируси

Се зголемува бројот на заболени од вируси

Ботаничката градина во Карпош стана изборна измама?

Ботаничката градина во Карпош стана изборна измама?

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ