29 Мај, 2024
0.0258

Странска фирма за три години од само двајца вработени стигна до кредит од 13 милиони евра

Објавено во: Економија 20 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Иако најави помала, грчкиот инвеститор „Секе“, сопственик на фабрика за преработка, откуп и трговија со тутун во Крушево, реши да ја прошири инвестицијата, од неколкумина да вработи 350 луѓе. За фабриката и во Макеоднија се креваше прашина, затоа што ја поврзуваа со руски бизнисмени, сепак компанијата одлучило да расте. За новите вложување заложен е имот и за нов кредит, вреден речиси 13 милиони евра, кој ќе бид еповлекуван по потреба.

Грчката компанија „Секе“ во април 2016 година со локалните власти во Крушево потпиша договорот за земјиште во индустриската зона „Опаленик“, а е регистрирана уште од 2013 во Македонија. Првичната амбиција на компанијата беше дека ќе вложи четири милиони евра и во новите погони ќе вработи меѓу 250 до 300 работници. Неколку месеци подоцна, при посетата на Крушево, тогашниот премиер Никола Груевски, рече дека инвестицијата на „Секе“ ќе биде над три милиони евра и дека фирмата постојано ќе ангажира 30 работници, додека сезонски таа бројка ќе се движи меѓу 250 и 300 лица. 

Официјалните податоци од крајот на 2015 година покажуваат дека компанијата имала само двајца вработени и материјални средства во износ од близу 72.000 евра, за во 2016 година оваа бројка да се зголеми на над 440 илјади евра. Најавувано беше дека ќе започне со откупување на ориентален и крупнолисен тутун и дека ќе склучи договори со 1.500 кооперанти. Директорот Александрос Контос е поранешен пратеник и министер за земјоделство во Владата на Неа Демократија на Костас Караманлис во периодот од 2007 до 2009 година.

Неодамна фирмата ја посети и премиерот Зоран Заев.  Претседателот на бордот на директори на фабриката СЕКЕ, Панајотис Таренидис, го информира премиерот дека засега во фабриката се вработени 55 луѓе, но дека таа бројка за неколку месеци ќе се зголеми на 350. Половина од инвестицијата за изградба на објектот е од сопствен капитал на компанијата.

A.K.

Можеби ќе ве интересира

КОЈ АКЦИОНЕР КОЛКУ ЌЕ ДОБИЕ ДИВИДЕНДА - еве како ќе се дели добивката во „Раде Кончар - апаратна техника“

КОЈ АКЦИОНЕР КОЛКУ ЌЕ ДОБИЕ ДИВИДЕНДА - еве како ќе се дели добивката во „Раде Кончар - апаратна техника“

Скопјани платиле над 44 милиони евра за парно, но и тоа не било доволно за ЕСМ

Скопјани платиле над 44 милиони евра за парно, но и тоа не било доволно за ЕСМ

ПРЕКУ КОНЗОРЦИУМ ДО ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ПАЗАРИ: градежниците повторно навалија во Германија, имаат ли капацитети

ПРЕКУ КОНЗОРЦИУМ ДО ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ПАЗАРИ: градежниците повторно навалија во Германија, имаат ли капацитети

ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Луѓето купуваат златен накит за матура, но многу помалку од порано

ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Луѓето купуваат златен накит за матура, но многу помалку од порано

НАСКОРО ПОЧНУВА БЕРБАТА НА МАЛИНИТЕ ВО СРБИЈА: Има ли сезонски работници и колкава им е дневницата?

НАСКОРО ПОЧНУВА БЕРБАТА НА МАЛИНИТЕ ВО СРБИЈА: Има ли сезонски работници и колкава им е дневницата?

ЗЛАТО И СРЕБРО: Ќе поскапуваат во следните 12 месеци

ЗЛАТО И СРЕБРО: Ќе поскапуваат во следните 12 месеци

ГЛОБАЛНАТА ЖЕД ЗА НАФТА ЌЕ РАСТЕ НАЈМАЛКУ ДО 2034 ГОДИНА: Еве ги предвидувањата на Голдман Сакс

ГЛОБАЛНАТА ЖЕД ЗА НАФТА ЌЕ РАСТЕ НАЈМАЛКУ ДО 2034 ГОДИНА: Еве ги предвидувањата на Голдман Сакс

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД Г7: Целата светска економија е во опасност поради евтиниот кинески извоз

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД Г7: Целата светска економија е во опасност поради евтиниот кинески извоз

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија