Светомир Шкариќ: Итно свикување на Парламентот, нова влада, па и импичмент за Иванов
Објавено во: Македонија 02 Март, 2017 09:18
Иванов ја злупотреби позицијата Претседател. Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов грубо го прекрши Уставот, вели за Фактор, универзитскиот професор Светомир Шкариќ.
Со тоа што не го довери мандатот на партијата која обезбедила парламентарно мнозинство шефот на државата го минира и девалвира конституционалниот акт. Не е негово право туку обврска да го даде мандатот на претседателот на СДСМ штом има поддршка од 67 пратеници и како мандатар да формира Влада.
Иванов прави уставен преседан и генерира уште подлабока криза. Свесно или не тој ја вовлекува земјата во хаотична и деликатна состојба. Тој станува генератор на кризата обидувајќи се со уцени да оди против волјата на граѓаните, а во истовреме го маргинализира Собранието. Претседателот се грижи за унитарноста, а Законодавниот дом има надлежност за сувереност и уставноста, објаснува проф. Светомир Шкариќ.
Според еден од најафирмираните професори по Уставно право, обезбедени се сите елементи за формирање на Влада која би имала парламентарното мнозинство и затоа е неопходно ведаш да се свика седницата на која ќе изберат претседател на Собранието, а потоа да преминат кон формирање на Владата.
Професор Шкариќ предлага веднаш да се свика Собранието, да се формира Собраниска комисија за избори која ќе номинира Спикер. Тој не исклучува и Импичмент за Иванов, ако парламентарците го отворат прашањето за негова одговорност поради крешење на Уставот.
По одлуката за аболицијата, ова е уште по голем уставен преседан од страна на Иванов, оценува Шкариќ. Универзитетскиот професор го повикува Иванов да ги каже правните експерти кои ги консултирал за скандалозна одлука и образложенијата што ги соопшти пред македонската јавност.
Горазд Чомовски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“
Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас
Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат
Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе
Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов




