23 Мај, 2024
0.0301

Трамп предизвика прв дипломатски скандал со Кина

Објавено во: Свет 03 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Првите официјални тензии меѓу Доналд Трамп и Кина веќе се факт, откако американскиот милијардер дури уште не стапил официјално на должност како претседател на САД. 

Причината - изјава на Трамп дека добил честитки за победата на изборите од тајванскиот државен шеф Цаи јин-вен. Разговорот на Трамп со Цаи е прв ваков контакт со Тајван од новоизбраниот претседател или вршител на должноста претседател на САД, откако претседателот Џими Картер ја усвои политиката „една Кина“ во 1979 година.

Поради тоа што се случило веќе има официјална реакција од Пекинг. Таа сепак беше насочена прво против Тајван. 

„Јас не мислам дека тоа ќе ја промени политиката „една Кина“, за која Владата на САД инсистира со нејзината примена во текот на годините. Принципот „една Кина“ е пресвртница во здрав развој на кинеско-американските односи, и ние не сакаме никаква интервенција или исчезнувањето на оваа политичка основа“, рече кинескиот министер за надворешни работи Ван И.

Подоцна Кина официјално испрати дипломатска нота со протест поради случајот.

„Нема промена во нашата долга политика по кинеско-тајвански односи“, изјавил за AFP портпаролот на Националната безбедност на Белата куќа Емили Хорн. „Ние остануваме цврсто посветени на нашата политика „една Кина“, базирана на три заеднички соопштенија и законот за односите со Тајван. Нашиот главен интерес е за мирни и стабилни кинеско-тајвански односи“, додаде таа.

Самиот Трамп исто реагираше на кренатата бучава со нова порака на Twitter. „Интересно е како САД му продаваат на Тајван воена опрема за милијарди долари, но јас не можам да го прифатам оздравен повик“, напиша тој.

Можеби ќе ве интересира

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

ОВА МЕСТО МУ ПРИПАЃА САМО НА ИЗРАЕЛ: Израелски министер влезе во џамијата Ал Акса

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

СЀ ПОВЕЌЕ ДРЖАВИ ЈА ПРИЗНАА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - Израел повлекува амбасадори од Ирска и Норвешка, најавија остри реакции

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

ПО ИЛЈАДА ЕВРА ЗА СТУДЕНТИТЕ: Милијардерот Хејл ја продолжи традицијата во Масачусетс

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

НОРВЕШКА ЈА ПРИЗНАВА ПАЛЕСТИНСКАТА ДРЖАВА - не е единствена, остра реакција од Израел

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Погодиле руски ракетен брод

УКРАИНЦИТЕ СЕ ПОФАЛИЈА: Погодиле руски ракетен брод

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

„ПОЛИТИКО“: Украина и Молдавија идниот месец почнуваат преговори со ЕУ?

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

ПРВИ ФОТОГРАФИИ ОД АВИОНОТ ПО СТРАШНИТЕ ТУРБУЛЕНЦИИ: летот од Лондон до Сингапур се покажа кобен за едно лице (ФОТО)

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е свесен и комуникативен

НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СОСТОЈБАТА НА ПРЕМИЕРОТ НА СЛОВАЧКА: Тој е свесен и комуникативен

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна

БАНКРОТИРАШЕ ПОЗНАТ СИНЏИР ЗА ХРАНА ВО САД: Продаваа јастози за оние со помали џебови, на крајот пропадна