04 Јануари, 2025
0.0354

УТРИНСКИ ФОКУС: Скопје се сеќава - Колку пари инкасираше лани „Еленица“

Објавено во: Македонија 26 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Заев: Да се сеќаваме на модерната архитектура на Скопје, без разлика на раните од антиквизацијата

Премиерот Зоран Заев на одбележувањето на денот на катастрофалниот земјотерс во главниот град од 1963 порача дека Скопје, покрај жртвите, се сеќава и на заслужните за модерната архитектура, наспроти како што вели шефот на Владата, раните направени од антиквизацијата во последниот период. „Пред точно 56 години големиот часовник на Старата железничка станица замрзна во Скопје. До денешен ден сведочи дека само дваесет секунди беа доволни да запре животот на градот, животот на над илјада скопјани, а кога се спушти прашината и кога замре злокобниот звук светот ја виде катастрофата.

За неколку дена најголемите имиња на светската архитектура дојдоа во Скопје и ја обединија желбата на милионите обични луѓе кои се молеа и донираа за Скопје, повторно да го врати пулсот на градот.

*  Пола милијарда долари до сега за „кинеските“ автопати

Речиси за 100 милиони евра е зголемена задолженоста, односно висината на кредитите кои Македонија ги има кон странските банки за изградба на автопати и локални, државни и експресни патишта како и нивна рехабилитација и реконструкција. Ако на крајот на 2018 состојбата на задолжување кај ЈП Државни патишта била 31,4 милијарди денари кај финансиерите, на крајот од минатата година таа изнесувала 37 милијарди денари, пари што се должат за вкупно 11 заеми.

Исплатата на автопатите од Миладиновци до Штип и од Кичево до Охрид финансирана од Ексим Банка Кина допрва започнува со завршувањето на петгодишниот грејс-период откако нивната изградба започна во 2014. Од независниот ревизорски извештај може да се види дека финансирањето лани на овие две делници одело бавно. 

Што продаде „Еленица“ и зема 3,4 милиони евра?

Струмичката компанија за градежни материјали „Еленица“ лани ја имаше наjдобрата година во последните четири години, покажуваат официјалните финансиски резултати од работењето за 2018 година, достапни на интернет страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Струмичката компанија специјализирана за производство на цигли и ќерамиди лани имала приходи од 5,16 милиони евра и остварила добивка од 2,7 милиони евра  (50 отсто од вкупниот приход). Добивката е од продажба на дел од уделот што Еленица го има во светиниколксата компанија МАМ, лиценцирана за производство на масло од канабис.

Оваа струмичка компанија има двајца акционери. Едниот има 99,9 отсто од акциите и тоа е Трајче Заев, долгогодишен бизнисмен. Другиот акционер во „Еленица“ се вика Жан Ангов и поседува 26 акции.

*  Дали целосната инклузија повторно ќе ги „исклучи“ децата со попреченост?

Тотална инклузија или тотална контузија на системот. Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозовксиот факулет како и голем број на дефектолози, но и здруженија и родители, се загрижени дека новиот Закон за основно образование ќе предизвика огромни проблеми со предложената целосна инклузија на децата со попреченост во редовните училишта. Според институтот потребно е да се работи силно на поголема инклузија, но дека целосна инклузија речиси и да не постои во ниту една друга држава. На тој начин би се спречил изборот на родителот дали сака неговото дете да оди во редовно или специјално училиште за деца со посебни потреби. Исто така проблематично ќе биде за децата со потешки форми на попреченост кои имаат потреба од лекарска терапија и специјален третман. Професорот Горан Ајдински вели дека Институтот за специјална едукација и рехабилитација не бил вклучен во претходните фази на изработката на новиот Закон за основно образование кој го предложи министерството, а вчера добиле покана за учество во јавната расправа која ќе се одржи во Собранието, како и повик забелешките да ги достават и по писмен пат.

Кои се банкарските менаџери кои постигнаа успех на нашиот банкарски пазар?

УНИБанка од почетокот на годинава доби нов менаџмент кој, според официјалните податоци, излезе дрим тим. Со доаѓањето на Хаџидинев кој заедно со Делчо Крстев и подоцна и со Милка Тодорова како екипа, лани имаат најголеми процентуални растови на кредитирањето воопшто, но и во двете подкатегории: корпоративно и во банкарство на мало. Како и најголем процентуален раст на вкупните средтства.

УНИБанка имаше фантастична година лани. Во остра конкуренција на 13 деловни банки, младиот и високо образован кадаруспеа да оствари најголем процентуален раст за кредитни пласмани и најголем процентуален раст на вкупните средства. Новиот менаџмент  за една година постигнаисториски успех за банка со средна големина.

Фатиме Фетаи предложена да биде на чело на СЈО

Фатиме Фетаи е предлогот на владиниот коалиционен партнер Алтернатива на Африм Гаши да застане на чело на новото Специјално јавно обвинителство од 15 септември. До сега познати се ставовите на премиерот Зоран Заев, кој бара нов лидер на ова обвинителство да биде Вилма Русковска од Јавното обвинителство за организиран криминал, на лретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој го предложи суспендираниот судија Владимир Панчевски и на ДУИ, од каде велат дека за тоа треба уште од старт да одлучи Советот за јавни обвинители.

„Како кадар која досега не оставила зад себе траги од злоупотреба на службената должност и како професионалец во борбата за правда, убедени сме дека може да ја врати довербата во владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата, кои се толку длабоко вкоренети во нашата земја. 



Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПОЛОШО: Скопје стана најзагаден град во светот

УШТЕ ПОЛОШО: Скопје стана најзагаден град во светот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка кај Рашче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Пронајдена и четвртата жртва од вчерашната сообраќајка кај Рашче

ЕКСТРЕМНО ЗАГАДЕНО: Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

ЕКСТРЕМНО ЗАГАДЕНО: Скопје вечерва е 7-от најзагаден град во светот

OJO: Обвинение за десет лица за шверц на луксузни автомобили

OJO: Обвинение за десет лица за шверц на луксузни автомобили

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ: Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолго време

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ: Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолго време

ЦУК: Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче

ЦУК: Пронајдено е телото на мажот од несреќата кај селото Рашче

ДРОНОВИ ТРАГААТ ПО ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ: При излетување на возилото кај Рашче загинаа три лица

ДРОНОВИ ТРАГААТ ПО ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ: При излетување на возилото кај Рашче загинаа три лица

ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ, ВО ПРЕКИН Е СООБРАЌАЈОТ НА ОБИКОЛНИЦА СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: Во близина на Башино село

ЗАРАДИ БЕЗБЕДНОСНИ ПРИЧИНИ, ВО ПРЕКИН Е СООБРАЌАЈОТ НА ОБИКОЛНИЦА СКОПЈЕ-ВЕЛЕС: Во близина на Башино село

СИ ГО УБИЛ 39-ГОДИШНИОТ СИН СО ЛОВЕЧКА ПУШКА КОЈА ЈА ПОСЕДУВАЛ СО ДОЗВОЛА - потоа седел во станот до безживотното тело додека не ги пронашле

СИ ГО УБИЛ 39-ГОДИШНИОТ СИН СО ЛОВЕЧКА ПУШКА КОЈА ЈА ПОСЕДУВАЛ СО ДОЗВОЛА - потоа седел во станот до безживотното тело додека не ги пронашле