27 Ноември, 2024
0.0292

ВАРХЕЈИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Сега ни се потребни сите кои се сметаат за одговорни во политичкиот пејзаж

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Да се усвојат уставните измени, без нив земјата нема да оди напред, вели еврокомесарот Оливер Вархеји. 

Тој ги повика сите што се сметаат за фактор во македонскиот парламент  да ја отстранат пречката за Македонија да ги продолжи преговорите со ЕУ. 

„Сите мора да работат за уставната реформа. Таа е главен чекор што ја спречува Северна Македонија да оди напред. Сега ни се потребни сите кои се сметаат за одговорни во политичкиот пејзаж на земјата. Земјата треба да може да оди напред, а не може да успее во тоа без парламентот. Затоа сите што се во него треба да одат напред. Ние, секако ,сме подготвени да го олесниме тоа, секогаш кога ќе се побара тоа сме тука и веќе правиме големи напори“, рече Вархеји. 

Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот. Европа има забелешки за судството и корупцијата во земјава.  

„Извештајот на Европската комисија е доказ за лажните изјави на СДСМ и ДУИ дека се фокусирани на европската агенда. Тој е одраз на тажната реалност во Македонија каде е нотирана стагнација, а некаде и уназадување“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Европската Комисија препорача отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Украина, а исто така препорача и отворање преговори со Молдавија откако таа ќе ги исполни сите услови. Комисијата препорачува Грузија да добие формален кандидатски статус кога ќе ги исполни преостанатите услови поставени од блокот, а препорачува отворање на пристапни преговори на Босна и Херцеговина со Европската Унија кога ќе се постигне потребното ниво на усогласеност со критериумите за членство.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски