21 Мај, 2024
0.0292

Ваучери за спортистите, помал данок за фирмите кои донираат

Објавено во: Економија 14 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Мерката ваучер систем овозможува 10 милиони евра годишно да се донираат кај спортските субјекти и на тој начин да се придонесе кон подобри услови за напредок на спортот и постигнување на успешни спортски резултати на национално и меѓународно ниво“, кажа директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција и информираше дека преку овој концепт, во 2019 година 639 компании донирале 492.931.010 денари на 377 спортски субјекти, а во 2020 година 677 компании донирале 547.798.298 денари на 677 спортски субјекти.

Лукаревска истакна дека оваа мерка која се спроведува од 1 јануари 2019 година преку Управата за јавни приходи, на компанијата која донира во спортот, и се намалува пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства, но најмногу до 50 отсто од пресметаниот данок врз основа на ваучер издаден од Агенцијата за млади и спорт.

Исто така, Лукаревска ја објасни и постапката на ваучерскиот систем како едноставен, и истовремено, многу значаен за спортистите и за компаниите.

 
"Постапката е целосно електронска со тоа што даночниот обврзник преку електронскиот систем на Управата за јавни приходи е-Даноци поднесува барање, а УЈП врши проверка на расположливите средства на ваучерот. Потоа донаторот електронски ја известува УЈП за извршената донација и кон известувањето доставува и доказ за извршената донација, односно налог за извршена уплата на наменска сметка и извод од банка. По ова известување, Управата за јавни приходи го потврдува или го одбива правото на намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните средства. Компанијата преку оваа мерка може да донира во еден спортски субјект од секој вид спорт, а по исклучок може да донира и во два спортски субјекти од ист вид на спорт, само доколку едниот субјект е националнa спортскa федерациja, a другиот спортски субјект е спортски клуб или активен спортист кој се натпреварува во индивидуален спорт“, истакна директорката на УЈП Лукаревска.


Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски на прес-конференцијата нагласи дека измината година реализацијата на ваучерите, иако во време на КОВИД-19, е висока и изнесува 89%.

„Тоа ни дава за право да констатираме дека ова е вистинска мерка и дека вистински се искористува во спортот и стигнува до крајните корисници – националните спортски федерации, клубови и спортисти. Системската поддршка што ја добиваат спортските субјекти на овој начин е клучна за остварување високи спортски резултати и за достоинствен живот и услови за работа на сите спортисти и спортистки, професионално и рекреативно. Со овој систем на распределба ја зголемуваме мотивацијата и интересот за спонзорирање на стопанските субјекти во спортот“, рече Мојсовски.


Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте