22 Мај, 2024
0.1266

ВАЖНО ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ИЗМАМНИЦИ - И Финансиската полиција ќе може да им ги слуша телефоните

Објавено во: Економија 16 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

И Финансиската полиција ќе може да следи лица, односно да ги прислушува нивните мобилни телефони, како и да ја следи нивната електронска комуникација.

Досега, оваа независна институција која е задолжена да го гони финансискиот криминал во земјава, работела на предмети во кои биле вклучени таканаречените посебни истражни мерки, или ПИМ, но сето тоа го правеле само со асистенција на Министерството за внатрешни работи. Но, набргу такви мерки ќе може да спроведува и самата Управа за финансиска полиција.

За да се формира посебната организациона единица која во рамките на Управата за финансиската полиција ќе ги следи лицата и комуникациите, ќе бидат потребни и нови вработувања. Или конкретно, ќе се вработуваат финансики полицајци кои ќе ги маркираат и снимаат телефонските разговори, ќе ги преслушуваат, преведуваат, но и ќе ги анализираат разговорите или другите снимени материјали.

Тоа ќе се случи откако ќе бидат изгласани измените на Законот за Финансиска полиција, чии предлагач е Владата, и веќе се испратени во Собранието. Со овие измени се зголемуваат надлежностите на Финансиската полиција, односно таа како државен орган се овластува за спроведување на посебните истражни мерки.

Директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми, за Фактор вели дека со Законот за следење на комуникациите, Финансиската полиција е обврзана да формира организациона единица за водење на посебни истражни мерки, исто како и во МВР, но за тоа да се направи е потребно да се донесат токму овие законски измени.

Ќе биде потребна и нова систематизација и нова организациона поставеност на Финансиската полиција. Покрај правници и економисти, сега ќе бидат потребни и електроинжинери, кои ќе работат во новата организациона единица.

„Ние и досега работевме на предмети за кои се потребни посебни истражни мерки, но тоа го правевме со асистенција на МВР, додек, пак, со законските измени, тоа Финансиската полиција ќе може сама да го прави“, објаснува Муареми.

Од Владата објаснуваат дека со предложените измени и дополнувања на Законот за финансиската полиција се врши усогласување со новиот Закон за следење на комуникациите, каде е уредена постапката за спроведување посебна истражна мерка, следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации, како и дефинирање на надлежните органи за спроведување на постапката.

„Предлогот за измени и дополнување на Законот за финансискатата полиција ќе предизвика фискални импликации врз Буџетот, започнувајќи од месец јули 2021 година. Дополнителните финансиски средства во вкупен износ на годишно ниво ќе изнесуваат за 2021 година 3.350.000денари, (55.000 евра), а за 2022 година 6.000.000 денари (100.000 евра), и за 2023 година исто 100.000 евра“, се вели во предлог законот.

Притоа, се наведува дека ќе се отвораат нови категории на работни места за финансиските полицајци, и тоа координатор, помошник - раководител на сектор, како и финансиски полицајци. Или, за годинава се предвидени 18 нови вработени, за 2022 година 17 вработувања, и за 2023 година - исто 17 вработени.

„Со„Планот 3-6-9 на Владата е предвидено овозможување опрема, пристап, како и потребен персонал за спроведување на Посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Управата за Финансиска полиција, а имајќи ги предвид Законот за следење на комуникациите, Законот за оперативна техничка агенција, Закон за класифицирани информации, Закон за електронски комуникации и Закон за кривичната постапка, се јавува потребата од формирање на нова организациска единица во рамките на Управата за финансиска полиција, која ќе работи на спроведување на Посебните истражни мерки, и тоа лица за репродукција, маркирање, преведување, преслушување и анализа на обезбедените материјали од Посебните истражни мерки“, се вели во образложението од предлог законот.

Финансиската полиција е институција која „открива и врши криминалистичко истражување на кривични дела кои се гонат по службена должност како што се: измама на штета на средства на Европската заедница, перење пари и други приноси од казниво дело, недозволена трговија, криумчарење, даночно затајување, даночна измама, како и други кривични дела со противправна имотна корист од значителна вредност, како и фаќање и пријавување на нивните сторители и обезбедување на докази“.

А со овие законски измени се додава уште еден член, кој вели дека Финансиската полиција „спроведува посебни истражни мерки, согласно Законот за следење на комуникациите и Законот за кривичната постапка“.

Ќе се зголеми и одговорноста на финансиските полицајци. Во поглед на пензионирањето, пак, тие ќе се изедначат со овластените службени лица од другите институции, кои исто како Управата за Финансиска полиција, се дел од правосудната полиција, како што се МВР и Министерството за одбрана, како и со овластените службени лица во другите органи од безбедносниот систем, односно Агенцијата за национална безбедност, Оперативно Техничка Агенција и слични.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ДОНЕ ТАНЕВСКИ Е КУПУВАЧОТ НА АКЦИИТЕ ОД „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“- Сега располага со 21.5 отсто од хотелиерската компанија

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

ВАЖНА ВЕСТ ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - еве кога компанијата ќе почне да дели дивиденда, кој на колку да се надева

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

Д-р Адижес со моќни пораки до македонските компании

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

БЕЗ ИЛЈАДА ЕВРА НЕ СЕ КРПИ МЕСЕЦОТ - делумно намалени месечните трошоци, еве колку изнесува синдикалната кошница

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

СОПСТВЕНИЧКИ МАЛИ ПРОМЕНИ - претседателот на УО на „Алкалоид“, Мукаетов, се стекна со 400 обични акции

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

ЈА ПРЕКИНАА ПРОДАЖБАТА НА БИЛЕТИ ОД СКОПЈЕ ДО КРФ - грчки Ејџијан Ерлајнс ја укина авиолинијата која требаше да се одвива два пати неделно

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

БЕШЕ ГУВЕРНЕР НА НАРОДНА БАНКА: Димитар Богов стравува од „финансиски колапс“ за Украина

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Автоплац, хотел и учебници билдаат добивки во Кочани

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте

ИЗВОНРЕДНА МОЖНОСТ ЗА РАБОТА ВО ХРВАТСКА! Плати огромни, работници нема, а побарувачката расте