Добивај вести на Viber
Централна Италија утрово повторно ја зафати нов силен земјотрес од 4,6 степени по Рихтер. Досегашниот број на загинати се зголеми на 247, а италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денес ќе биде прогласена вонредна состојба.
Епицентарот на тој нов земјотрес бил околу седум километри источно од градчето Норча, на релативно мала длабочина од десет километри. Во Норча, која се наоѓа околу 170 километри северозападно од Рим, бил епицентарот и на вчерашниот прв земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала, кој речиси ги срамни со земја градовите Аматриче, Акумоли и Пескара дел Тронто.
Новиот удар ја затресе централна Италија утрово околу 5,40 часот, наведува Геолошкиот завод.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/U57IdiCKWww[/embed]
Италијанската Агенција за цивилна заштита соопштува дека спасувачите и понатаму трагаат за преживеани во урнатините на планинските села.
Стотици луѓе се повредени од кои голем број во хаотична ситуација.
Бројот на преживеани и загинати кои уште се наоѓаат под урнатините не е познат.
Меѓу жртвите е и девет месечно бебе девојче чии родители преживеале, 18 месеци старо бебе и уште две мали деца кои загинале со родителите.
Баба ги спасила внуците
Две момчиња, на возраст од четири и седум години се спасени со брзата и паметна реакција на нивната баба, кој ги турнала под креветот. Таа исто така преживеала, но го изгубила мажот.
Земјотресот со јачина од 6,2 степени по Рихтер, кој вчера утрото во 03.36 часа ја затресе областа во близина на Перуџа, околу 170 км североисточно од Рим, се почуствувал на широкото подрачје на средна Италија после што многу луѓе истрчале на улиците.
Најтешко е погодено подрачјето помеѓу регионот Лацио, Марка, Умбрија и Абруча, каде се уништени местата Акумоли, Аматриче, Поста и Арквата дел Тронто во кои на луѓето пред зори им се урнаа крововите над глава додека спиеле, па осамнаа во рушевини, хаос и прашина.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/EWFp5xTQC_M[/embed]