(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА: Волос е без струја
Објавено во: Балкан 20 Април, 2024
Силно невреме со поплави ја зафати Грција, а Волос е без струја.
Невреме има во Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија.
„Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати“, вели тој.
Деновиве имаше невреме во повеќе држави од регионот. Снежни врнежи имаше на повисоките места на Балканот.