19 Декември, 2025
0.0396

ВИКЕНД БРИФ: Прва недела „гаф“ кампања, каде тера Штериев, колку пораснаа платите

Објавено во: Македонија 06 Април, 2019 09:15

Добивај вести на Viber

Помина недела во која почна изборната кампања. Со гафови и смешки и без инвентивност. Но што друга ја одбележа работната недела и што објавивме.

Македонската берза ја организираше дваесетата по ред меѓународна конференција, од кои 15 директно под палаката на Иван Штериев, затоа што и толку години Штериев е прв човек на оваа институција. Бројката е респектибилна, но само доколку на Берзата кор бизнис и беше организирање на настани од меѓународен карактер. Секогаш се поминува во најдобар ред, достоинствено, одмерено, без потреси и скоро секогаш со присуство на првите луѓе од фискалната и монетарнта сфера. Но тоа е, секоја година исто, безлично, без јасен став, без напор нешто да се промени да се разбуричка финансиската „жабокречина“ на пазарот на капитал, без интерес да заживеат пазарите на капитал, каде А.Д. Македонска берза за жал е единствениот правен субјект кој го организира овој пазар. 

https://faktor.mk/znae-li-kade-tera-shteriev

Колку и да се сака да се издвои нешто различно и нешто што ветува промена, нема да се најде. Нема свежина, нова енергија, нова надеж, а камоли тема за нов материјал на тргување.

А извршниот директор Иван Штериев годинава повторно во свој елемент, но по концепт идентичен на претходните. Да се слика до највисокиот функционер на извршната власт. Овој пат нормално тоа е Зоран Заев. И претходно се сликаше и седеше на конференциите на берзата, но тогаш беше до Никола Груевски, во време кога тој беше претседател на Владата. 


https://faktor.mk/kako-kreva-kvasecot-di-go

Битолската фабрика за квасец и алкохол, уникат по дејноста и последен бастион на самоуправувањето имаше уште една пристојна деловна година. Во услови на борба за одржување статус-кво во продажбата оствари добивка од 78.200 евра, а приходот од продажба е речиси 7 милиони евра

Единствената македонска фабрика за квасец и алкохол „Квасара“ лани заврши со нето добивка од 78.200 евра и таа е за 70 отсто помала од претходната година. Добивката на „Квасара“ е 1,1 отсто од приходот од продажба на компанијата. Сепак кога се „удри“ црта „Квасара“ лани стигнала до сеопфатна добивка од 92.000 евра. 


https://faktor.mk/richard-ju-huawei-ima-kompetitivni-ceni-na-evropskiot-pazar-so-vrvni-inovacii

Huawei неодамна имаше одлична промоција на новите премиум смартфони Huawei P30 иHuawei P30 Pro кои носат голем број на иновации, фокусирани пред се во камерите и примената на вештачка интелигенција за креирање што е можно полесни и побрзи сцени за корисникот во различни сценарија на осветленост и позадина. Фактор имаше уникатна можност да присуствува на промоцијата, како и на разговорот со Главниот извршен директор на Huawei Ричард Ју, кој отворено говореше за позициите на пазарот, состојбата со развој на долго очекуваната 5G мобилна технологија и бенефити кои ги очекуваат корисниците.


https://faktor.mk/soprena-arbitrazata-za-naftovodot-vo-makedonija

Хеленик петролеум до почетокот на мај времено ја сопре арбитражната постапка за тужбата против Македонија за нафтоводот од Солун до Скопје во која се побарува 32 милиони долари по основ на пенали за непочитување на купопродажниот Договор со ОКТА, потврди вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Решението во однос на барањето да се стави во функција на нафтоводот ќе се бара во рамки на Енергетската заедница.

– Наша позиција во рамки на сегашните добрососедски односи со Грција е да се обидеме да го искористиме тој формат и да ја намалиме колку што може штетата што би можела нашата држава да ја претрпи, односно максимално да ги намалиме средствата што по основ на тој договор како пенал треба да ги уплати, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

https://faktor.mk/video-kje-bide-li-ova-kampanja-so-gafovi-i-smeshki-vaka-zaev-gi-zabavuvashe-veleshani-na-svoja-smetka

Тече првата недела од изборната кампања. 

Ветувања од тројцата кандидати, но и смешки и гафови.

Откако опозициската кандидатка ги нарече жителите на Неготино Кавадарчани и ги насмеа граѓаните, и премиерот почна да се шегува на негова сметка .

Во текот на вчерашното митингување на владеачката партија во Велес премиерот придружувајќи го кандидатот на владеачката гарнитура Стево Пендаровски , Заев им се претстави на Велешани кажувајќи дека е од село Муртино додавајќи дека е едноставцен човек кој некои го нарекуваат „зајче“ а на крај сепак пееле песнички за него...


https://faktor.mk/prevoznici-se-zalat-deka-ministerstvoto-za-transport-i-vrski-ne-saka-konkurencija-vo-megjugradskiot-soobrakjaj-

Оператори со превоз на патници се жалат дека не можат да ја „размрдаат“ конкурентноста во меѓуопштинскиот сообраќај со автобуси поради ригидноста на Министерството за транспорт и врски, односно немањето волја кај овој ресор да иницира законски измени.

Бараат усогласување на законот со европските норми, бидејќи со постојаниот Закон за превоз во патниот сообраќај се зацврстува положбата на веќе оние кои добиле претходно дозволи да превезуваат патници и од тогаш покрај нивниот „монопол“ не можат други да се наметнат, иако секоја година во мај министерството објавува оглас за конкурирање за лиценци. Велат дека едни исти компании ги продолжуваат дозволите,а  не им се дава шанса на нови да понудат конкурентност и да се натпреваруваат со подобри услуги.


https://faktor.mk/imame-pogolem-rast-na-platite-od-nekoi-evropski-zemji-a-ushte-sme-najsiromashni

За 20 проценти пораснала просечната плата во земјава во последните десет години. Растот не е занемарлив, а ако се споредува со некои од европските земји дури е и импресивен. Сепак, тој показател не е единствен кога се анализира економската слика во земјите. Во соседна Бугарија на пример, платите за последните десет години (од 2009 до 2018 година) пораснале за неверојатни 87 проценти, ама оваа земја е една од најсиромашните во Европската Унија. Фактор го анализира растот на платите по земји, а неодамна свое истражуавње објави Европскиот синдикален институт.

Според податоци од македонскиот Државен завод за статистика, реалниот раст на платите од јануари 2010 година до јануари 2019 е 20 отсто. Или ако во првиот месец од 2009 година просечната нето плата изнесува 20.330 денари, во јануари годинава беше 24.517 денари.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот