05 Октомври, 2024
0.0287

Владата и Министерството за правда на различна фреквенција за законот за црна листа

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за правда останува на негативното мислење за предложениот Законот за рестриктивни мерки од страна на Владата, по усвојувањето и испраќањето во Собранието на предлогот со кој ќе подлежат на санкции лицата кои ќе се најдат на американската и британската црна листа во Македонија.

„Остануваме на ставот дека предложените измени не се во согласнот со Уставот и се во спротивност со Европската конвенција за човекови права како и со принципот на владеење на правото и правната држава“, велат од Министерството за правда во коментар за МКД.мк.

„На посочената владина седница, Владата го разгледа предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки и донесе одлука Министерството за надворешни работи како предлагач да го усогласи текстот на предлогот на закон со кабинетот на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Министерството за правда, Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација, Секретаријатот за законодавство и другите надлежни институции“, соопшти Владата на 26 јануари.

Пречистениот текст на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки е веќе доставен до Собранието, но Министерството за правда смета дека воведувањето рестриктивни мерки врз основа на „правни акти на САД и правни акти на Обединетото кралство“ е во спротивност со уставниот поредок и со суверенитетот на Македонија.

Во мислењето на Министерството за правда се вели дека суштината на Законот за рестриктивни мерки е да овозможи ефективна и ефикасна борба против тероризмот и против финансирањето на тероризмот. Генезата на овој закон е Резолуцијата 1267 на ООН за тогашната настаната ситуација во Авганистан. Согласно со воспоставените меѓународни стандарди, целта на овој закон е зачувување на безбедноста, мирот, демократијата, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и слободи, а не и борба против корупцијата и криминалот, како што се предлага во измените и дополнувањата содржани во предлог-законот“, се вели во мислењето на Министерството за правда.

Во овој документ, Министерството за правда смета дека оваа проблематиката може да се реши со примена на постоечкиот Закон за меѓународна соработка во кривичната материја.

Министерството за правда упатува на основните принципи на политичкиот систем во една демократска земја, поделба на власта на законодавна, извршна и судска и неповредивост на основните човекови права, гарантирани и со меѓународни конвенции ратификувани од Македонија. Затоа Министерството за правда сугерира да се побара мислење и од Венецијанската комисија и од Европската комисија.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче