Власта не ги признава критиките во извештајот на ЕК, Пендаровски засега без коментар
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2023
Откако Европската Комисија во годишниот извештај за Македонија нотираше дека нема напредок во борбата против корупцијата и судството, кај извршната власт молк и бегање од одговорноста. Претседателот Стево Пендаровски воопшто не ја искоментира содржината, туку сума објави дека го примил извештајот од евроамбасадорот Дејвид Гир.
„Извештајот, кој го нотира сработеното од првата фаза за почеток на преговорите со скринингот, прикажува и детална слика за состојбите во македонското општество, а дава патоказ за натамошната работа на институциите, како и областите во кои треба да посветиме внимание“,
Политичката поларизација и блокирањето на Парламентот се главните забелешки во Извештајот на Европската комисија (ЕК) е првичната реакција на министерот за надворешни работи Бујар Османи кој како виновник за тоа ја посочи опозицијата, која, како што рече на денешната прес-конференција, ја блокирала работата на Парламентот во донесувањето законски и реформски решенија.
Гир во Владата беше примен од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Сите се воздржаа од коментар за критиките во извештајот. Во кусото соопштение, спикерот Талат Џафери вели дека Собранието останува отворено за сите укажувања во врска со евроатлантските интеграции. Маричиќ, пак, се фокусира на планот за раст на Западен Балкан.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.