ВО ПОЛИКЛИНИКИТЕ ВО СКОПЈЕ СО ДИ-ТЕ-ПЕР СЕ ВАКЦИНИРААТ И НАД 100 ДЕЦА ДНЕВНО: Се работи во две смени

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2024 07:28
Пунктовите
во здравствените домови работат со продолжено работно време со цел да се имунизираат сите дечиња со вакцината
Ди-Те-Пер, која штити од тешките заразни заболувања, дифтерија, тетанус и
пертусис, односно големата кашлица.
Во поликлиниките при Здравствен дом Скопје, вакциналните пунктови работат до 19.00 часот, а според медицинскиот кадар, во текот на денот се вакцинираат и до 130 деца.
Главната медицинска сестра во поликлиниката „Букурешт“, Силвана Миркоска, во изјава за Фактор вели дека овие денови навистина има голема навала од страна на родителите кои ги носат нивниоте деца да ја примат вакцината.
-Денеска на пример, еве до пладне имунизиравме 52 дечиња, очекуваме до крајот на смената, односно до 19.00 часот барем уште толку, значи сигурно ќе имаме 100-тина деца. Во саботата вакциниравме 65, а во петокот бројката беше дури 130. Можам да кажам дека кога нема ваква ситуација, како што е сега со големата кашлица и со зголемениот ризик од зараза, дневно вакцинираме 20 до 30 деца, што значи 4-5 пати е зголемен бројот. Децата се генерално на претшколска возраст, но си доаѓаат и родители со нивните двомесечни бебиња кои ја примаат првата доза на Ди-Те-Пер. Инаку, 50 до 60 отсто од децата се оние кои ја имаат пропуштено вакцинацијата. Освен тоа, ја издаваме и потврдата за комплетна вакцинација токму за оваа вакцина, значи за пертусис, која мора задолжително да ја однесат во градинките, посочува главната медицинска сестра Миркоска.
Сепак, вели таа, родителите овој период ги вакцинираат децата само со Ди-Те-Пер, бидејки за пертусисот се бара потврдата во градинките, но не и со МРП, вакцината против рубеола, морбили и заушки. Во календарот за имунизација оваа вакцина се прима на 12 месеци и на 6 години, но родителите не ги вакцинираат со МРП вакцината, која антиваксерските движења во светот и кај нас ја поврзуваат со појавата на аутизмот.
- Нивниот одговор е: „за оваа вакцина ќе дојдеме подоцна, сега само Ди-Те-Пер“. Со ваквото однесување, секако дека постои ризик да ни се појави епидемија од некое од овие заболувања, односно од сипаниците морбили или рубеола и од заушки. Инаку сите протоколи прио имунизацијата се запазени, вакцините се крајно безбедни, секое дете е прегледано од лекар специјалист педијатар пред да прими вакцина, вели Миркоска.
Нагласува дека зголемениот интерес ќе потрае овие две недели додека сите деца не ја примат вакцината. Препораката од страна на Комисијата за заразни болести да не се примаат невакцинирани деца од голема кашлица во градинките е она што всушност ги натера родителите да ја завршат оваа здравствена обврска. Првиот случај на пертусис беше регистриран на почетокот на јануари, но за само една недела бројопт нагло се зголеми. Комисијата за заразни болести даде препорака да се прогласи епидемија на пертусис на подрачјето на Скопје, отако во земјава бројката достигна 22, од кои најголемиот број се во Скопје.
Анита Буховски
Можеби ќе ве интересира
„БУГАРИЈА НЕ ПОСТАВУВА БЛОКАДИ, ТРИ ГОДИНИ ЧЕКАМЕ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ“: Радев порача од Тирана

„ВИСАР ГАНИУ НЕ МОЖЕ ДА УНИШТИ ТОЛКУ ДОКУМЕНТИ КОЛКУ ШТО ЈАС ИМАМ ДОКАЗИ“: Арсовска прати до ОЈО докази за нелегалното легализирање во Чаир

ЕВАКУАЦИЈА НА НАШИ ДРЖАВЈАНИ ОД ИЗРАЕЛ: Со владин авион ќе бидат вратени во Македонија

Осум македонски државјани, од кои четири деца, го чекаат МНР за да го напуштат Израел

ЕМ ВОЗЕЛ ПИЈАН, ЕМ ПРЕДИЗВИКАЛ СООБРАЌАЈКА: Уапсен скопјанец со 2,57 промили алкохол во крвта

Родителите од Кочани бараат одговори од Обвинителството: Сакаме да знаеме кој и зошто е обвинет!

ДОДЕКА ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ Е НА ПОЗИЦИЈА, БУГАРИЈА ТРЕБА ДА ИЗЈАВИ ДЕКА ВО СЛУЧАЈ НА УШТЕ ЕДЕН АНТИБУГАРСКИ НАСТАН, ЌЕ СТАВИ ВЕТО: Каракачанов ја нападна Македонија дека е антибугарска

ТОШКОВСКИ СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ГО СМЕНИ МЕНТАЛИТЕТОТ КАЈ ЛУЃЕТО: „Со имплементација на овој систем нема да има опција за избегнување на казна“

Серија земјотреси со епицентри од охридското крајбрежје
