05 Октомври, 2024
0.0273

ВРАБОТЕНИТЕ ОД ФЗО ОДАТ НА ШТРАЈК АКО ИМ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ: „Ќе патат граѓаните, особено оние кои се на боледување“

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Ќе запрат услугите од Фондот за здравствено осигурување ако Управниот одбор на седница донесе одлука за намалување на платите на вработените за 21 процент. Доколку се донесе ваква одлука, вработените, преку синдикалните претставници најавија дека ќе стапат во штрајк.

Со нивниот штрајк, на шалтерите ќе работи само по едно лице кое ќе прима само документација и ќе нема исплати на капитацијата за матичните лекари, за лековите за аптеки, за плати во јавно здравство, како и другите услуги, најави Бранко Аџигогов, претседател на Синдикалната организација на ФЗОМ.

Членови на синдикатот пред зградата на Фондот го чекаат исходот од продолжението на седницата на Управниот одбор што почнала на 4 јануари, за, како што рече Аџигогов, непринципиелниот предлог со кој се бара намалување на платите на вработените.

- Од 9 јануари со препорака од Владата, како што е срочено, се бара намалување од 21 процент. Иако Владата го препорачува тоа како усогласување согласно донесениот буџет, согласно пресметките на стручните служби тоа значи дека платите на сите вработени треба да се намалат за 21 процент - изјави Аџигогов.

Според него, УО моментно не може да донесе одлука затоа што, како што појасни е длабоко поделен, што е разбирливо за типот на одлуката која се носи. Појасни дека тројца членови стоја зад вработените, додека еден е неутрален, додека двајца се против, односно за намалување на платите. Тој воедно укажа дека за да се донесе одлуката потребно е мнозинство од четири члена. 

Со одлуката се засегнати 831 вработен во ФЗО и ако има намалување на платите, според Аџигогов, 25 проценти ќе добиваат плата со износ под минимална плата, а 25 проценти колку минималната плата. Истакна дека ова е недозволиво за институција која има најголем буџет, институција од која се плаќаат платите за доктори и здравството, од каде се финансираат и приватните болници..

Со одлуката за штрајк тој појасни дека нема да се работи ништо, нема да има никаква исплата, ниту за матични лекари, ниту за лекови за јавно здравство...

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Трпе Деановски порача дека Владата нема ингеренции да бара ништо од Фонд за здравство бидејќи е самостојна институција. 

Потсети дека Синдикатот и раководството преговарале осум месеци и успеале да издејствуваат 15 проценти покачување на платата, но како што наведе, „министерот за финансии Фатмир Бесими побарал, а Владата го поддржала во барањето да се намалат платите за 21 процент“. 

- Осум месеци преговаравме со менаџментот за зголемување на платите, и одвај договоривме 15 проценти зголемување, за сега Владата да бара намалување, а таа нема ингеренции да бара ништо. Колегите кои се позади нас имаат најниски плати меѓу администрацијата, а решаваат за предмети кои се над 100, 200 па и 1 милион евра. Имаме колеги инспектори кои имаат плата од 27 илајди денари, што е под човечко достоинство. Секој ден си заминуваат колеги, а сега со намалување на платите ќе биде уште полошо. Од нас се бара да се извршуваат можеби најсложените работни задачи од здравственото осигурување во државата што е примарна дејност на Фонд за здравство. Доколку се донесе ваква одлука со намалување жал ми е што ќе кажам, но ќе патат само граѓаните, особено оние кои се на боледување, нема да се работи воопшто ништо, без оглед какви притисоци и да имаат и вработените кои се членови на Синдикатот на УПОЗ - најави Деановски.

Буџетот на ФЗО е над 46 милијарда денари, од кој износ за плати се издвојуваат 1,19 проценти. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

ПОЧИНА ЕДНОГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ НА КЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ: Одбивале да го хоспитализираат

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

Влатко Ѓорчев: Акциите ги купив за многу помала сума, нивната вредност во меѓувреме се зголеми

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

12-ТИ ТРОФЕЈ ЗА КАРДИОЛОГОТ КЕДЕВ, ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ НАД 8.000 МЕТРИ: Се искачи и на кинескиот Шишапангма во Тибет

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче