Вртоглаво возење на VW: Каде ќе најде уште 2,5 милијарди евра
Објавено во: Свет 29 Септември, 2017
Германската автомобилска компанија Фолксваген издвои дополнителни 2,5 милијарди евра за покривање на трошоците на скандалот „дизелгејт“ во САД.
Напорите на компанијата за повлекување на проблематичните автомобили се покажаа „посложени“ од очекуваното.
„Во третиот квартал, негативните вонредни ставки од околу 2,5 милијарди евра ќе ги загрозат бизнис резултатите. Причина се зголемени издвојувања поврзани со програмот на откуп и поправки 2,0 читарски ТДИ возила, чиј дел е спогодба со американските власти“, стои во соопштението на германскиот автомобилски гигант.
Со најновите издвојувања, вкупната сума која VW ја издвоил за покривање на казната и трошоците поврзани со скандалот околу манипулацијата на емисијата со штетни гасови, достигна 25,1 милијарда евра.
VW минатата година се нагоди дека ќе откупи или поправи речиси половина милион 2,0 литарски дизел возила во САД кои се опремени со спорниот софтвер за прикривање на реалните емисии на штетни гасови.
После објавувањето на најновите вести, акциите на VW во утринското тргување во Франкфурт паднаа за 2,1 отсто на 135,45 евра.