Заев и официјално ја доби поканата за НАТО од Столенберг
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2018
Генералниот секретар на НАТО, Jенс Столтенберг официјално му ја врачи на премиерот Зоран Заев поканата за почеток на преговори со Алијансата, по одлуката на северноатлантските сојузници вчера во Брисел.
„Ова е клучен пробив кој го отвори патот за полноправно членство, деталните пристапни преговори сега ќе започнат. Откако сите ваши национални процедури ќе завршат и откако ќе биде ратификувано од земјите членки ќе станете 30-та членка на НАТО со еднакво место на маса, еднаков глас во дискусиите и еднакво право на гласање во најуспешниот воен сојуз“- рече Столтенберг.
Заев ја изрази својата благодарност до генералниот секретар, но и до премиерите на соседните Грција и Бугарија, за постигнувањето на договорите.
Вели дека ова е историска одлука за земјата и за граѓаните, признание за нашата посветена работа две децении.
Додаде дека членството ќе ја консолидира демократијата во регионот и ќе служи како позитивен пример во Западниот Балкан.