05 Октомври, 2024
0.0288

„ОВИЕ НА ВЛАСТ НЕ МОЖАТ НИ ДА ГО БОЈАДИСААТ ТОА ШТО ГО ИЗГРАДИВМЕ“: Груевски вели, во Будимпешта не е така како во Скопје

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Екс премиерот Никола Груевски се огласи овој пат со коментар за катната гаража „Разловечко Востание“.

Често пати читав низ социјалните мрежи дека овие на власт не можат ни да го бојадисаат, да го исчистат или да го одржуваат тоа што го изградивме. Морам да признаам дека тоа не го разбирав буквално туку некоја критика во преносна смисла на зборот. Но, не било така…

Денес прочитав една статија за состојбата на катната гаража “Разловечко востание” која е во близина на градската општа болница “Св.Наум Охридски” и парламентот.

Претпоставувам слично е во сите катни гаражи или во повеќето, барем оние што се под ПУИК. Заедно со ПУИК, градот Скопје и општина Центар, изградивме во центарот на градот 6 катни гаражи. За една не спречи општина Центар одкако дојде А.Жерновски за градоначалник, веднаш до зградата на Нова Македонија. Спречија и уште две кои требаше да ги изградат приватни инвеститори, едната спроти старата железничка станица, веднаш до новата зграда на ЕЛЕМ и уште една подземна гаража кај бочната страна на парламентот, која гледа кон улица Македонија, под тревникот.

Три се изградија преку ПУИК (онаа спроти МНТ, оваа кај Градска болница и една кај Поштата), две преку градот(спроти зградата на Макпетрол и катната гаража Тодор Александров, сега наречена Беко) и една општина Центар (кај комплексот судови). Овозможивме и градба на неколку приватни катни гаражи, во Аеродром, во Центар спроти судската палата, во Капиштец (Зебра) во Прилеп итн.

Граѓаните плаќаат за паркирање и местата се исполнети до врвот на катната гаража.

Потоа прочитав во друга статија дека слично било и пред пет години за што приложувам фотографии (вторите пет фотографии).

И најголемо изненадување ми е изјавата на надлежните дека виновник за ова е катаната гаража оти била од отворен тип и секој можел да влезе. Па нормално дека секој може да влезе во катна гаража. Секој кој ќе плати влегува со возилото. Ваше е да одржувате, да поставите камери, ако треба и чуварска служба. Ви оставивме огромен изграден објект, не можете да го одржувате.

Не можев да поверувам на она што го видов бидејќи сите јавни катни гаражи се од отворен тип. Од затворен тип се само приватните гаражи на граѓаните по зградите и куќите.

Овде кај што живеам во Будимпешта исто така катните гаражи се од “отворен тип”. Но се многу чисти и се одржуваат. Нема ништо скршено, и да се скршило се поправилно, има камери, нема смрдеа, има струја, лифтови итн.

Ова ме потсети на она дека кабелот е виновен за пожарот во тетовската болница.

Да, овие не само што не изградија ништо ново, навистина не можат да го одржуваат она што го изградивме.

Всушност, што сум се фатил јас за одржувањето на катните гаражи. Во Македонија апаратите во здравството не се одржуваат, болните од канцер и од други болести умираат заради тоа, а јас за катните гаражи…

П.С. Слушнав дека до крајот на 2024 година ќе бидат готови првите два километри од патот Скопје-Блаце кој го градат веќе 5-6 години. Којзнае дали ќе бидат готови. Но, време е да се подготви музика“, напиша тој.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи