Али Ахмети: Груби е на „албанска територија“
Објавено во: Македонија 29 Декември, 2024
Шефот на ДУИ, Али Ахмети, за косовските медиуми зборуваше за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, за кого рече дека не се враќа во Македонија бидејќи ќе му се одмаздувале.
Рече дека Груби не избегал и дека тој самиот немал контакт со него, но има информации дека е добро и дека се наоѓа на „албанска територија“.
Лидерот на ДУИ вети дека Груби ќе се врати и ќе се појави пред органите на правдата кога ќе биде фер третиран.
„Не сум го сретнал Артан Груби, добро е, неговата локација е секако на албанска територија, тоа е процес на кој мора да му дојде крајот. Тој не побегнал од Македонија, подготвен е да се појави пред органите на правдата за да ги почитува законите, но не во одмаздничката и селективна правда“, изјави Али Ахмети.
Ахмети уште еднаш го повтори својот став дека во Северна Македонија треба да се изврши ветинг за да се истражи политичката активност и богатството на секој носител на високи државни функции.