05 Октомври, 2024
0.0418

Американскиот Сенат одобри, ќе се избегне „фискалната бездна“

Објавено во: Свет 01 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Сенатот на американскиот Конгрес постигна договор за надминување на серијата даночни покачувања, наречени „фискална бездна“.

Законт е поддржан со 89 гласа, а осум биле против. Тој е прифатен два часа по пристигнувањето на Новата година. Доколку не се донесеше овој закон од денеска граѓаните и компаниите ќе мораа да плаќаат повисоки даноци.

Даночните олеснувања, кои беа изгласани во почетокот на мандатот на претседателот Џорџ Буш помладиот, беа продолжени од Обама во 2010 година, но само на две години. Со неможноста да се постигне договор, автоматски, од денеска даноците за сите имотни категории, ќе се вратеа на повисокото ниво на кое беа пред претседателот Буш.

Демократите имаат мнозинство во Сенатот и го имаат Обама во Белата куќа, додека републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом, поради што секое решение мора да биде компромисно, меѓу двете партии, но тие се поделија меѓу инсистирањето на републиканците даночните стапки да останат пониски како што се сега, и барањето на Обама даноците да се зголемат за највисоката имотна категорија.

Поради неможноста да се постигне договор меѓу водачите на демократите и на републиканците во Сенатот, спикерот Хери Рид и Мич Мекконел, во последните денови преговарачкото место на Рид го заземал потпретседателот Џо Бајден, и самиот долгогодишен поранешен сенатор од Делавер. Бајден и Мекконел вчера рано попладне постигнаа договор за предлог мерките и ги понудија на членовите на Сенатот.

Според договорот, даноците ќе останат на сегашното ниво, освен данокот за најбогатите Американци кои заработуваат над 400.000 долари годишно, или 450.000 за брачни двојки, кој ќе се зголеми од 35 на 39,6 проценти. Даноците на дивидендите ќе се зголемат од 15 на 20 проценти. „Данокот на смрт“, односно давачката со која се оданочува пренесувањето на големо наследство од родителите на децата, ќе се зголеми од 35 на 40 проценти за имот чија вредност е над пет милиони долари.

Демократите го добиваат и бараното продолжување на сегашното ниво на помош за невработените за уште една година. Но, шансите за решение во текот на вчерашниот ден, согласно договорот меѓу Бајден и Мекконел, ги помати претседателот Обама, кој во своето обраќање до јавноста вклучи повеќе остри коментари упатени до републиканците, чии гласови се клучни за мерките да поминат и во Претставничкиот дом каде републиканците имаат мнозинство.

- Уште минатиот месец републиканците во Конгресот велеа дека никогаш нема да ги зголемат даноците за најбогатите Американци. Очигледно е дека договорот кој сега се подготвува трајно ќе ги зголеми даноците за најбогатите, триумфално изјави Обама, кој даде изјава за медиумите опкружен со група граѓани и советници кои со бурен аплауз ги поздравија неговите зборови.

Републиканските сенатори, предводени од Џон Мекејн од Аризона, гневно реагираа на тонот на изјавата на претседателот Обама.

- Во време на криза, на дочекот на Новата година, кога знаеме дека на полноќ нешто треба да се случи, ние имаме претседател на САД кој навива и им се потсмева на републиканците. Сум гледал како претседатели пристапуваат кон кризите и како ги решаваат со лидерство, а тоа се прави така што ќе ги поканат водачите на двете партии да седнат на маса и да се договорат, изјави Мекејн по обраќањето на Обама.

Дополнителен проблем за републиканците, покрај повисоките даноци за повисоките категории, е што договорот не содржи мерки за намалување на трошењето на социјалните програми, кои се најбргу растечки расходи кои придонесуваат кон дефицитот од околу трилион долари годишно и зголемувањето на долгот кој изнесува над 16 трилиони.

Можеби ќе ве интересира

ЛУКАШЕНКО: Ако Полјаците ја нападнат Украина, ние ќе ги поддржиме Украинците

ЛУКАШЕНКО: Ако Полјаците ја нападнат Украина, ние ќе ги поддржиме Украинците

ОВА Е ЧОВЕКОТ ПОРАДИ КОЈ ИЗРАЕЛ ГО БОМБАРДИРАШЕ БЕЈРУТ - интензивни напади од синоќа врз преградијата

ОВА Е ЧОВЕКОТ ПОРАДИ КОЈ ИЗРАЕЛ ГО БОМБАРДИРАШЕ БЕЈРУТ - интензивни напади од синоќа врз преградијата

„ЛУЃЕ БЕГААТ НА СИТЕ СТРАНИ, НАРОДОТ Е ЗБУНЕТ“: Еве како е навистина во Либан

„ЛУЃЕ БЕГААТ НА СИТЕ СТРАНИ, НАРОДОТ Е ЗБУНЕТ“: Еве како е навистина во Либан

РУТЕ ВО КИЕВ: Украина ќе биде дел од НАТО

РУТЕ ВО КИЕВ: Украина ќе биде дел од НАТО

МАКРОН: EУ умира, ако ја следиме нашата класична агенда, ќе исчезнеме од пазарот

МАКРОН: EУ умира, ако ја следиме нашата класична агенда, ќе исчезнеме од пазарот

ЕК ЈА ТУЖИ УНГАРИЈА: Која е причината?

ЕК ЈА ТУЖИ УНГАРИЈА: Која е причината?

ЗАХАРОВА МУ ЗАБЕЛЕЖУВА НА ВУЧИЌ: Moжел, но не разговарал со Лавров во ОН

ЗАХАРОВА МУ ЗАБЕЛЕЖУВА НА ВУЧИЌ: Moжел, но не разговарал со Лавров во ОН

УКРАИНА УНИШТИ МОЌНА РУСКА РАДАРСКА СТАНИЦА: Дали сега ќе гаѓаат цели длабоко во Русија?

УКРАИНА УНИШТИ МОЌНА РУСКА РАДАРСКА СТАНИЦА: Дали сега ќе гаѓаат цели длабоко во Русија?

ТРАМП ГО ЗЕДЕ ТАТКО МИ, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА НИ ЈА ЗЕМЕ ДРЖАВАТА: ќерката на Џулијани, најблискиот соработник на Доналд, на страната на Харис

ТРАМП ГО ЗЕДЕ ТАТКО МИ, НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ ДА НИ ЈА ЗЕМЕ ДРЖАВАТА: ќерката на Џулијани, најблискиот соработник на Доналд, на страната на Харис