05 Октомври, 2024
0.0287

Бујар Османи: Законот за рестриктивни мерки утре на владина седница

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата „Студио 10“ на ТВ24 потврди дека измените на Законот за рестриктивни мерки ќе се најдат на усвојување утре на владина седница.

„Ќе биде утре на влада и потоа ќе помине во Собрание. Не гледам кој ќе го блокира. Имаше нова техничка влада, административен беше проблемот и затоа беше повлечен. Сега треба да го потврди новата влада“,рече Османи.

Владата минатата недела го повлече од собраниска процедура Предлог-законот за рестриктивни мерки од како што наведе административни причини и најави дека ќе го стави на дневен ред на следната седница. Претходно, на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени да ги достави до Собранието.

Измените во Законот произлегоа по проширувањето на црната листа на САД. Министерството за надворешни работи минатиот месец започна јавна расправа за измени на Законот за рестриктивни мерки со кои и американската „црна листа“ ќе биде основа за воведување на мерки од државата врз лица и фирми. Предлог измените, како што најави тогаш министерот Бујар Османи, предвидуваат и воведување на два важни инструменти, институцијата предлагач да ги побара и да ги поднесе сите материјални докази до Обвинителството, а ЈО да почне постапка, вклучувајќи и конфискација на имот и доколку заврши со обвинение, се предвидува и времено спречување на вршење на јавна функција и и забрана за учество во јавни набавки доколку се работи за правни субјекти.

„Законот е во належност на МНР и досега беше за тероризам и оружје. Ние сега го прошируваме опфатот. Правни акти на САД и Велика Британија како „црната листа“ сега се основа за рестриктивни мерки за корупција, злоупотеба на службена должност и хибридни закани. Во случај на таков правен акт на САД, ја информираме Владата, таа носи одлука, а министерството е должно сите правни факти да ги предаде на Обвинителствтото, кое е должно веднаш да отвори кривична постапка и обвинителот да бара две мерки - привремена мерка замрзнување на јавна функција и забрана за правното лице за учество на тендери. Ако потоа евентуално правосилната одлука на судот е во корист на лицето, Владата носи одлука за прекинување на рестриктивните мерки“, рече Османи во телевизиското гостување.





Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи