05 Октомври, 2024
0.2052

ДЕСЕТ ИЛЈАДИ ЛИЦА ДНЕВНО БАРААТ ЛИЧНИ КАРТИ, ПАСОШИ И ДРУГИ ДОКУМЕНТИ: Еве какви решенија се нудат за граѓаните

Објавено во: Македонија 06 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Премиерот на техничката Влада Талат Џафери во интервју за МИА вчера најави дека на денешната владина седница ќе има поконкретни решенија за проблемот со патните исправи. До 12 февруари граѓаните треба да ги заменат патните исправи поради промена на името на државата Република Северна Македонија. 

-Па мислам дека утре ќе се реферира по однос на гледиштата и она што сметаме дека е изводливо би било како одлука конечна како би се спровело, а она што би сметале дека е неспроводливо ќе треба да најдеме алтернатива кое би било решението, рече Џафери без да открие детали.

Со стари патни исправи ќе останат и нашите државјани во странство и не ќе можат да се вратат дома. Џафери потенцира дека државјанин на Република Северна Македонија и без ниеден документ ако дојде до граница за влез во државата – државата е должна да го потврди неговиот статус по однос на државјанството и доколку се потврди државјанството е должна да го пушти без ниеден документ.

-Имајќи предвид дека од надвор не може да се патува без никаков документ, државата има воспоставено мрежа на дипломатско-конзуларни претставништва коишто имаат надлежност и обврска на таквите случаи да им издава соодветен документ за патување во еден правец за да можат народски кажано тие наши граѓани да се докопаат до институциите на државата внатре во државата и овде да се обезбеди итноста на издавањето, рече Џафери во интервјуто за МИА.

Посочи дека околу 10 000 граѓани дневно поднесуваат барања за пасоши, лични карти, возачки дозволи, сообраќајни дозволи...

-И јас извадив една статистика дневна фреквенција на барање на ниво на државата. Од прилика 10 илјади луѓе дневно имаат барања по однос на сите документи – лични карти, пасоши, возачки, сообраќајни, на ниво на државата. Затоа не е пречка доколку некаде во едно подрачје е преизразена бројноста на баратели организациски институцијата треба да се постави да води евиденција и ред во смисла граѓаните да не чекаат редови на една точка, а другата точка да е празна цел ден. Да ги упатат граѓаните во соседната точка на апликација односно на поставување и извршување. Па добро, не мора да е најблискиот град. Скопје, на пример, има шест пункта. Ако Кисела Вода е толку наплив, а во Бутел или во Гази Баба која што е соседна или Центар тој што води постапка на пунктот треба да ги упати граѓаните, вели Џафери.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи