26 Октомври, 2024
0.0255

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ БУКУРЕШТ? Еве за што разговараа Николоски и Аксинте

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Романија, Адела Моника Аксинте денеска на средба, меѓу останатото, разговарале за можностите за воспоставување директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.
 На средбата на Николоски и Аксинте за актуелните политички и економски односи меѓу двете земји, акцент бил ставен  на економската соработка и инвестициите.

-Министерот Николоски  ја запозна амбасадорката со владината агенда во делот на реализација на капиталните проекти, потенцирајќи ги инфраструктурните проекти.  Исто така тој додаде дека Владата е посебно фокусирана на квалитетно и брзо поврзување со земјите од Централна Европа. На средбата се разговараше и за воспоставување на директна авиолинија Скопје-Букурешт како и поврзување со аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, информира Министерството за транспорт и врски.

Истакнато е и прашањето за процесот на реформи што се спроведуваат како дел од интегративниот пат на земјата во Европската Унија, при што министерот Николоски потенцирал дека Владата е максимално посветена за обезбедување на забрзан економски развој и унапредување на владеење на правото и борбата против корупцијата.

На средбата се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји при што двајцата соговорници ја нагласија потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји, велат од Министерството за транспорт.


Можеби ќе ве интересира

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Трипуновски: Струмица не инвестирала во филтер станицата, затоа нема вода за пиење

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Вработен во Управата за матични книги нападнал странка

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Се спроведуваат вонредни инспекциски надзори во повеќе универзитети

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Директор на подружница на „Национални шуми“ искриумчарил дрва од 13.500 евра

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Калајџиев: Помилувавме човек за пронајден пиштол и пет куршуми кај него дома

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Мицкоски се откажа од испраќањето на писмото: Се е разговарано со лидерите на ЕУ

Герасимовски: Парите за проекти од унгарскиот кредит ќе ги земат и „опозициски“ градоначалници, но и претходната влада ги помагаше општините

Герасимовски: Парите за проекти од унгарскиот кредит ќе ги земат и „опозициски“ градоначалници, но и претходната влада ги помагаше општините

Момче избодено со нож во автобус кај „Сити Мол“, уапсен 15-годишник

Момче избодено со нож во автобус кај „Сити Мол“, уапсен 15-годишник

Тетовчанец се фотографирал со рачни гранати, жители го испорачале кај полицијата

Тетовчанец се фотографирал со рачни гранати, жители го испорачале кај полицијата