05 Октомври, 2024
0.0364

ДРАМА НА ШАРА: Уште еден спасувачки поход на планинар

Објавено во: Македонија 04 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува со почетен рапорт за среќната завршница на денешната спасителна акција на Шар Планина: повредениот планинар во 15.00 часот се јави во Регионалниот ЦУК Тетово да се заблагодари на сите што така брзо реагирале за да му помогнат и при тоа информирал дека тимот спасители го презел со „ратрак“ (специјално големо возило со гасеници за движење по длабок снег по висок терен) на „Ескимо Фрирајд“ во 14.30 часот, а тој се повредил околу 14.00 часот и безбедно го спуштаат надолу по Шар Планина за да добие посоодветен медицински третман, после првата помош. Во скијачкиот центар на Шара го чека медицински тим, бидејќи во момент на известувањето од ЦУК спасувачката акција се уште трае.

Конкретно во ЦУК, околу 14.00 на Единствениот повикувачки број за итни случаи на 112, е добиен повик за повреден планинар во повисоките делови на Шар Планина кај превојот меѓу Титов Врв и Бакардан. Планинарот се повредил кога се симнувал со својот другар по источната страна кон месноста „Мал Турчин“. Двајцата биле последни од групата со којашто одел. Заостанале малку и најверојатно, брзајќи за да ги стигнат колегите, едниот од нив се лизнал и опасно ја повредил ногата, за којашто не се знае дали му е скршена или само повредена, а и општо му се лошело после лизгањето. Местото на настанот е пекрасен предел, но е далеку горе на планината, до каде што треба повеќе од три, четири или повеќе часови да се стигне, под услов веднаш да тргне специјализиран спасувачки тим, што се во ниските делови од пределот. Но, во конкретниот случај соработката и меѓусебната координација на институциите, службите и приватните фирми овозможи да се пронајде многу брзо решение и на помош бил употребен „ратрак“ на приватната фирма „Ескимо Фрирајд“, коишто практично во тој предел биле на прошетка со туристи коишто уживале при прошетката со „ратраг“ - туристичка активност што се именува како „слободно возење во природа“. Тимот на „Ескимо Фрирајд“, и самиот составен од пасионирани планинари, иако во моментот превезувал – шетал туристи, несебично веднаш тргнал нагоре кон повредениот којшто почнал веќе неговиот другар да го спушта пополека колку можело надолу поблизу за помагање, свесен дека како што ќе одминува денот, така се постудено ќе станува и се полизгаво. 

ЦУК, заедно со другите инволвирани институции (Полицијата од Тетово, Националниот парк, Итната медицинска помош, планинари и други) биле во постојана координација и комуникација за да се изнајде оптимално и брзо решение за спасување на повредениот. Така и се добила информацијата дека ратрак на „Ескимо Фрирајд“ е во тој предел нешто подолу во туристичка прошетка, со што било остварено спасувањето толку брзо.

Спасувачката акција се завршува со голема среќа во несреќа за повреден планинар на повисоките делови на Шара, што е ситуација што поттикнува на превентивни активности и со внимателност кога се оди во планина, колку и да е времето убаво.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи