27 Ноември, 2024
0.0295

ЕВЕ КАКВИ КРИТИКИ ИМА ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА: На што се фокусира извештајот?

Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Северна Македонија се обврза да започне и приоритетно да ги спроведе уставни измени со цел во Уставот да ги вклучи и граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други народи, со што земјата ќе се потврди како добар пример за мултиетничко општество, се наведува во се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во кој увид имаше МИА.

- По првата Меѓувладина конференција за процесот на преговори за пристапување во ЕУ со Северна Македонија во јули 2022 година, аналитичкото испитување на правото на ЕУ (скринингот) напредуваше непречено. Северна Македонија активно се вклучи и покажа високо ниво на посветеност за време на процесот на скрининг. Извештајот за скрининг за Кластерот 1 – „Основи“ беше претставен на Советот во јули 2023 година, се наведува во документот.

ЕК посочува дека со нетрпение очекува брзо и решително следење на скрининг извештајот за Кластерот 1, вклучително и во однос на патоказите на земјата во согласност со Рамката за преговори, со со цел да се отвори првиот Кластер до крајот на оваа година.

Во Извештајот се наведува дека како земја која преговара со ЕУ, Северна Македонија треба да ги спроведе реформите поврзани со членство во Унијата, вклучително и во областите на судството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, реформите во јавната администрација и управувањето со јавните финансии и јавната набавка. 

Во документот се посочува дека властите во земјава постојано изјавуваат дека пристапот во ЕУ останува нивна стратешка цел, но некои чекори како измените во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво, предизвикаа сериозна загриженост. - Зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и несмаленото справување со корупцијата, вклучително и преку истрага, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење, се додава во документот.

Според ЕК, земјата продолжи целосно да се усогласува со сите одлуки на заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ по руската агресија врз Украина, а придонесе и во справувањето со миграциските текови кон ЕУ преку соработка за реализација на Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан. сп/ац/


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

НАСЕЛЕНИЕТО СТАРЕЕ, А КОЈ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА: Болниците и домовите за грижа – отскочна даска за заминување во странство

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

ОД СЕЛО ВО ГРАД: Има работници кои пеш или со велосипед одат на работа

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

НАЈЧЕВСКА БЕЗ ВЛАКНА НА ЈАЗИКОТ ЗА ФИЛИПЧЕ: „Тоа е истиот министер кој си отвори фирма во Бугарија веднаш по министерувањето“

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДОВОЛНО ДОЛГО ТИ ГО КРИЕВ СРАМОТ, ДАНЕЛА!“: Дудуш не издржа, распали за градоначалничката

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

„ДАЛИ МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ЗАТРУПА СНЕГ?!“ Попоски со голема најава за времето од 29 Ноември, па и во првата декада од Декември

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија се гуши во загаден воздух, ЕУ донираше еко-автобуси

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

ЛУКАРЕВСКА ЈА ПРЕДАДЕ ФУНКЦИЈАТА НА КАРАНФИЛОВА-ПАНОВСКА: Со гордост, задоволство и чест ја напуштам партиската функција која ми ја доверија моите другари

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

СРЕДБА НА СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА СО ФИЛИПЧЕ: Ризикот може да биде многу голем доколку настане фузија на двете безбедносни агенции

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски

БЕЏЕТИ: Првпат слушам дека имало средба во вилата „Водно“ за враќање на Груевски