12 Декември, 2024
0.0258

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Во согласност со стратегиите за одржливост и посветеноста кон квалитетот на живот на корисниците, ЕВН Македонија, во партнерство со ТАВ Македонија, заеднички воведуваат нова услуга: станици за полнење електрични возила на аеродромите во Скопје и Охрид.

Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе имаат на располагање дополнителна услуга и погодност – четири станици за полнење електрични возила. Оваа нова предност, која дополнително ја збогатува понудата на ТАВ Аеродроми, е овозможена од ЕВН Македонија и е во согласност со стратегиите за одржливост и континуирано подобрување на услугите за клиентите на двете компании.

Новопоставените станици за полнење на електрични возила кои работат на наизменична и еднонасочна струја се стратешки лоцирани на паркинзите на двата аеродрома и можат истовремено да полнат до осум електрични возила – шест на аеродромот во Скопје и две на охридскиот.

„Како прва компанија што воспостави национална инфраструктура за полнење електрични возила, продолжуваме да ги интензивираме нашите напори за проширување на мрежата за брзо полнење преку силни партнерства со бизнисите и локалните заедници. Нашата соработка со ТАВ Македонија ни овозможува дополнително да ја поддржиме мобилноста на сопствениците на електрични возила, што е дел од нашата долгорочна стратегија. Покрај обезбедувањето на преку 100 точки за полнење во 18 различни градови низ земјата, се фокусираме и на поставување брзи полначи долж клучните патнички коридори што возачите ги користат за национални и за меѓународни патувања,“ изјави Волфганг Маиер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

„Како ТАВ Аеродроми, возбудени сме што ставивме во употреба станици за полнење е-возила како нова можност и погодност на аеродромите во Скопје и Охрид. Оваа иницијатива на ТАВ Аеродроми обезбедува брзо полнење на зголемениот број корисници на е-возила им овозможува да ги надополнат своите е-возила и се усогласува со нашата посветеност и основната корпоративна вредност – одговорноста. Сепак, оваа предност за корисниците на аеродромите е уште еден доказ за нашите постојани напори да промовираме одржливи практики на аеродромите каде што работиме. Она што е исто така важно за нас е тоа што подобрувањата како ова го збогатуваат искуството на патниците и корисниците додека патуваат низ нашите аеродроми или при пречекување или испраќање со нивните пријатели и членови на семејството,“ изјави Неџат Куртгенерален директор на ТАВ Македонија.


Техничките тимови од ТАВ Македонија и ЕВН Македонија соработуваа на овој проект, придонесувајќи кон пошироката мисија за промовирање на еколошката свесност. Покрај еколошките придобивки, воведувањето станици за полнење електрични возила ја нагласува посветеноста на двете компании кон иновации, задоволството на корисниците и унапредувањето на корпоративната општествена одговорност за да обезбедат одржлива иднина.

ПР Објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!