16 Јануари, 2025
0.0238

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Едукативна средба на која родителите ќе дискутираат за врсничкото насилство утре (12 декември) ќе се одржи во салата на советот на општината во Штип. Почетокот на работилницата, која е наменета и за родителите од Свети Николе, е закажан за 18 часот. Настанот е организиран од „Макпетрол“ во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против врсничко насилство“. Водител ќе биде актерот Сашко Коцев, а за стручниот дел од темата ќе зборува психологот Деспина Стојановска.

Работилницата со родителите од Штип и од Свети Николе е седмата организирана од македонската компанија. Претходно, вакви средби се одржаа и во Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Центар, Куманово, како и во Кочани, каде што учествуваа и граѓани од Виница и од Берово. Главен фокус на овие настани е да се обезбеди можност за родителите да ги прошират своите знаења за врсничкото насилство. Дополнително, работилниците овозможуваат и споделување искуства и конструктивна размена на мислења, со цел да се подобри ситуацијата со проблемот со булингот. Учесници на овие едукативни настани се и членови на стручните служби на основните училишта.

Во претходната фаза од општествено одговорната кампања, „Макпетрол“ организира работилници во повеќе од 150 училишта. Тие се дел од 26 општини кои што ја препознаа вредноста на активностите на македонската компанија и директно се вклучија со поддршка во нивната реализација. Заедно со психологот, учениците ги продлабочија своите познавања за проблемот со врсничкото насилство.

Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството како форми на булинг се во фокусот на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Нејзин носечки дел, каде што се достапни многу информации за проблемот, но и совети и искуства, е интернет-страницатаkreniglas.mk. Освен едукативна улога, платформата е и место каде што секој може анонимно да ја сподели својата приказна поврзана со булингот. На вебсајтот се достапни и прирачниците за ученици, наставници и за родители, кои компанијата ги испечати и достави во општините.

Општествената одговорност е меѓу носечките стратешки приоритети на „Макпетрол“. Оваа цел се реализира преку комуникациските, едукативни и други активности што се дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Кампањата изминатава година успеа значително да го крене интересот во јавноста за проблемот и поттикна дискусија што придонесува кон него да се гледа и да се постапува со поголема посветеност. Младите, односно поддршката на развојот на нивните потенцијали, ќе бидат клучен дел и од идните општествено одговорни активности на „Макпетрол“.

ПР Објава

Можеби ќе ве интересира

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Стокомак ја започнува новата кампања “15 дена, 15 производи со 15 отсто намалување”!

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Групацијата 4iG во партнерство со Ериксон ќе ја развива идната 5G мрежа во Албанија

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Се отвора нова dm дрогерија во ТЦ ,,K Mall“!

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

Samsung Electronics ги претстави новите soundbar – звучници на CES 2025

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

„Лесја Украинка“: Осуда на изјавите на Костадин Костадинов за „бугарска Бесарабија “ - манипулации кои се во спротивност со меѓународното право

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

ЛУНДРИМ МЕХМЕДИ ГО ОСВОИ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА