12 Декември, 2024
0.0278

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2024

Добивај вести на Viber


Панелот „Дигитално банкарство и Fintech индустрија“ се фокусира на современите трендови и иновации во дигиталното банкарство и финтек секторот. Кои се предизвиците и можностите што ги носи дигиталната трансформација во финансиските услуги, како и влијанието на новите технологии врз традиционалните банкарски модели. Дополнително, се дискутираше за регулаторните аспекти и безбедносните прашања поврзани со дигитализацијата на финансискиот сектор, но и како дигитализацијата го менува односот помеѓу финансиските институции и клиентите, овозможувајќи поголема достапност и персонализација на услугите. Исто така, се разговараше за улогата на финтек стартап-ите во иновациите и создавањето нови можности на пазарот. Разговорот беше насочен и кон иднината на дигиталното банкарство, со акцент на одржливоста и довербата како клучни фактори за успех. Овој панел беше модериран од Киро Бурназовски – менаџер на Evrotrust за Македонија

Проф. Д-р Георги Димитров – основач и претседател на Управниот одбор на Evrotrust Technologiesво своето обраќање зборуваше за новитетите и за револуционерната одлука за дигитален паричник на ниво на Европска Унија:

„Во Европската Унија се воведува значајна промена со регулативата за дигитален паричник – мобилна апликација што овозможува внесување на сите ваши лични податоци, вклучувајќи професионални и образовни информации, податоци за возачка дозвола, доказ за неосудуваност и друго. Сите овие информации ќе бидат достапни со еден клик, како онлајн, така и офлајн, без потреба од физички документи. Овој дигитален паричник овозможува сигурен и автоматски пристап до податоците, што значи дека можете да преминувате граници без пасош и да вршите различни трансакции. Апликацијата е универзален инструмент што ќе мора да биде прифатен во сите земји на ЕУ, како и во вашата матична земја, каде ќе биде интегриран за различни намени, вклучувајќи плаќања. Оваа иновација претставува огромен чекор напред за ЕУ. Безбедносните стандарди за овој дигитален паричник се речиси целосно подготвени, а очекувањата се дека ќе биде функционален од март 2025 година. За банкарската индустрија ова е значаен скок, бидејќи универзалниот дигитален инструмент е токму она што клиентите го бараат. Очекуваме оваа регулатива да стапи во сила до март следната година, со цел до 2030 година 80% од граѓаните на ЕУ да ја користат.“

Билјана Мишиќ – извршен директор на Iute Macedoniaзборуваше за моделот BNPL кој за првпат се имплеметира во Македонија, токму преку Iute:  

„Она што е уникатно кај „Iute“ е дека идентификацијата е интегрирана во мобилната апликација, обезбедувајќи брзо, едноставно и интуитивно корисничко искуство, каде што клиентите можат самостојно да ги користат услугите. Во Македонија, моделот „Buy Now, Pay Later“ (BNPL) е достапен за првпат преку „Iute“, а во целиот процес се имплементирани машинско учење и вештачка интелигенција. Моделот е веќе имплементиран кај 500 трговци, при што клиентите можат да купуваат преку QR код, а идентификацијата се врши преку апликацијата на Evrotrust. Финтек компаниите веќе не се насочуваат кон неопслужени клиенти, туку кон оние кои бараат подобро корисничко искуство од традиционалните банки, кои сè уште имаат долги и сложени процеси, особено за подигнување кредити. Според „Евростат“, употребата на дигитални канали во Македонија изнесува само 26%, далеку помалку од 60% во Европа или 90% во Скандинавија. Ова е поради тоа што платниот промет сè уште се одвива преку шалтери, а традиционалните банки, дури и при дигитализација, ги задржуваат сложените процеси во основна форма. Затоа, финтек услугите, кои се родени како дигитални, стануваат прва и посигурна алтернатива за клиентите.“

Милена Спасовска – раководител на платежни картички и дигитални канали за плаќање во Капитал Банка АД се осврна на потребата на адаптација на традиционалните банки на мобилно и електорнско банкарство:
„Банкарскиот сектор забележува дека повеќето клиенти веќе се адаптираа на мобилно и е-банкарство, но предизвикот останува во дигитализацијата на процесот на идентификација на клиентите. Капитал Банка во соработка со Evrotrust работи на ова прашање, имплементирајќи мобилна апликација што го поедноставува процесот. Evrotrust обезбедува сигурен пристап преку регистрирана електронска шема, засилена автентикација, системи за заштита од измами и други безбедносни механизми.  Мобилните уреди се идентификуваат како клучен инструмент за иднината на банкарството. Фокусот е на подобрување на корисничкото искуство преку иновации како QR-кодови, инстант плаќања и напредни мобилни апликации. Истовремено, бизнис секторот треба да премине кон мобилни плаќања наместо традиционални методи, следејќи го глобалниот тренд кон безготовинско општество.“


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!