12 Декември, 2024
0.0268

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Панелот „Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници“ се фокусираше на значењето на инвестирањето во човечкиот капитал и развојот на локалните заедници како клучни фактори за одржлив раст. Кои се стратегиите за корпоративна општествена одговорност и нивното влијание врз подобрување на животниот стандард и економскиот просперитет на заедниците. Дополнително, се дискутираше за улогата на образованието, обуките и поддршката на локалните иницијативи во создавањето на инклузивно и просперитетно општество. На панелот се разговараше за тоа како компаниите можат стратешки да инвестираат во луѓето за да поттикнат долгорочен развој и иновации, но и за улогата на приватниот и јавниот сектор во зајакнување на локалните заедници преку одржливи проекти и иницијативи.Модератор на овој панел беше Катерина Јордановска Манева, менаџер за маркетинг и односи со јавноста, Кроација Осигурување.

Во своето обраќање Д-р Катерина Бошевска, извршен директор на Еос Матрих се осврна на:

„Одговорната наплата е наш принцип кој се темели на достоинствен однос кон должниците, јасни насоки и помош. Иако должничко-доверителските односи често создаваат дисхармонија, ние се трудиме да постигнеме заеднички прифатливи решенија. Покрај помагањето на корисниците, ја анализираме пазарната состојба и инвестираме во едукативни пристапи за економско заздравување. Во 2024 година се фокусиравме на дигитализацијата, воведувајќи нова алатка за дигитална комуникација што им овозможува на корисниците полесно да пристапат до своите информации. Комуникацијата е клучна, бидејќи избегнувањето на проблемите не е решение. Следната година ќе биде посветена токму на понатамошен развој на оваа алатка. Нашиот фокус останува и на континуирана едукација и усовршување на вработените. Вештините ги прават поуспешни во својата работа, особено со редефинирањето на процесите во компанијата. Исто така, имаме програма за едукација на младите, која ќе ја имплементираме во наредниот период како дел од образовниот процес. Како групација, се стремиме кон одржливост и излегување од стереотипите, фокусирајќи се на проекти што ги опфаќаат сите столбови на ЕСГ. Преку својата работа, се трудиме да допреме до заштитата на животната средина и да создадеме долгорочна вредност.“

Кристина Крстева, директор за одржлив развој на Бучим - Боров долистакна:

„Компаниите преку вложувањето во заедниците придонесуваат за развој на општеството и ја покажуваат својата општествена одговорност. Тие обезбедуваат раст и таму каде што можностите се ограничени.Со основањето на една компанија, се отвораат нови работни места, што е првиот видлив позитивен ефект. Но, она што често останува незабележано е влијанието врз развојот. Купувањето од локалното население ги поттикнува малите и микро компании да се развиваат. Технолошкиот напредок создава нова побарувачка, што им овозможува на локалните бизниси да станат независни и самостојни. Инвестициите го поддржуваат овој круг на одржлив развој, каде што секој сегмент од економијата придонесува за напредокот на другите.„Бучим-Боров Дол“ е одличен пример за примена на ЕСГ принципите, особено во вложувањето во едукацијата на своите вработени. Преку успешно комбинирање на традиционалното и современото, компанијата покажува како одговорното работење и одржливоста можат да станат дел од корпоративната култура.“

Жана Базби, психлог - бизнис консултант од Лондонсе осврна на недостатокот од социјалниот аспект на ESG принципите:

„Имплементацијата на ESG принципите е паметен потег за секоја компанија, градејќи позитивен имиџ, зголемена лојалност и задоволство кај вработените и потрошувачите. Новите генерации се сè повеќе заинтересирани за соработка со компании што применуваат еколошки принципи – 50% од потрошувачите преферираат одржливи производи, а 10% покажуваат поголема лојалност кон таквите брендови. Транспарентноста, етичкото работење и интегритетот се клучни за зголемување на задоволството кај вработените, лојалноста кај потрошувачите и довербата на инвеститорите. Дури 77% од глобалните инвеститори преферираат компании што имплементираат ESG стандарди. Во Македонија, социјалниот аспект на ESG е сè уште во ембрионална фаза, за разлика од Велика Британија каде фокусот е на благосостојбата на вработените. Недостатокот на долгорочна стратегија и фрагментираниот пристап се предизвици, заедно со ограничените финансиски и човечки ресурси. Дополнително, менталното здравје кај вработените е значително занемарено. ESG не е само тренд, туку неопходност за идниот успех на бизнисите. Препорачливо е да се започне со едукација за правилна примена на овие стандарди, следејќи позитивни примери како оние од Велика Британија, а акцентот да биде на човечкиот фактор.“

пр објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!