12 Декември, 2024
0.0306

Во Скопје се одржа регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Изминатите два дена во Скопје,претставници од министерствата за внатрешни работи, царинските управи, пазарните инспекторати и други институции од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора зедоа учество на регионална конференција за иновативни пристапи во борбата против сивата економија, нелегалната трговија и нарушувањето на интелектуалната сопственост.

Конференцијата беше организирана од Американската стопанска комора во
Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) и Американската стопанска
комора во Србија (АмЧам Србија), со цел да се зјакнат и продлабочат
регионалните врски помеѓу самите институции, како и помеѓу јавниот и
приватниот сектор, во насока на ефикасно сузбивање на сивата економија.


На првиот ден од конференцијата се одржаа работилници во форма на тркалезни
маси на кои учесниците разменија најдобри практики и ги разгледаа
најголемите предизвици во области како што се складирањето и уништувањето
на запленета стока, соработката со носителите на правата на интелектуална
сопственост, примената на нови технологии и иновативни решенија во работата
на надлежните органи, како и прашања на меѓусекторска и меѓународна
соработка.


На првата панел дискусија учествуваа претставници на министерствата за
внатрешни работи од земјите-учеснички, кои ги споделија своите искуства за
најновите трендови и клучните резултати во борбата против нелегалната
трговија и криминалните измами. На дискусиите од панелот се надоврза
презентација за можностите кои ги нуди автоматската обработка на податоци
со цел заштита на авторските дела, користејќи современи технологии.


Последниот панел од првиот ден беше посветен на клучните алатки и резултати
од користењето на најновите технолошки решенија во откривањето на обиди на
нелегална трговија, а претставници на царинските управи од регионот ги
презентираа своите перспективи на оваа тема.

Вториот ден од конференцијата започна со предавање на Јаак Феугелен од
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ), кој зборуваше за
предностите што ги нуди соработката со меѓународните агенции во борбата
против различните форми на измами во општеството. Конференцијата беше
заокружена со панел дискусија за заштита на интелектуалната сопственост, со
акцент на моделот на јавно-приватно партнерство во унапредувањето на
правата на интелектуална сопственост.


Дискусиите и предавањата во текот на дводневната конференција треба да им
помогнат на релевантните национални институции да ја продлабочат
регионалната и меѓународната соработка со колегите од другите земји и со
приватниот сектор, со цел примена на најдобрите практики и технологии за
ефикасна борба против различните форми на сива економија, измами и
нелегална трговија.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Третиот панел на The Economist MeetUp - Иновации во финансискиот сектор: Од нови технологии до инвестициски трендови

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Втор панел на The Economist MeetUp - Бизнис, закон и заедница: Како големите компании го обликуваат економскиот и општествениот раст

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

Со панелот Одговорност за иднината: Вложување во луѓето и локалните заедници се затвори The Economist MeetUp: Светот во 2025

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

The Economist MeetUp: Светот во 2025 официјално започна - првиот панел Дигитално банкарство и Fintech индустрија ги откри трендовите во финансискиот сектор во 2025

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

„Прилепска Пиварница со донација за Одделот за урологија во Општата болница Прилеп“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

КБ Прво Пензиско Друштво го доби престижното признание „Најдобро пасивно управување со инвестиции“

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

ЕВН МАКЕДОНИЈА И ТАВ АЕРОДРОМИ: ПОЛНАЧИ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА ОТСЕГА ДОСТАПНИ НА СКОПСКИОТ И ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!

Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!