19 Декември, 2025
0.0371

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Безбедносната состојба е стабилна, но Сиљановска-Давкова е загрижена што дел од пожарите се подметнати

Објавено во: Македонија 01 Август, 2025 22:29

Добивај вести на Viber

БЕЗБЕДНОСНАТА СОСТОЈБА Е СТАБИЛНА

Се одржа втората седница на Советот за безбедност, а главна тема биле пожарите кои беснееја во Македонија.

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, по дво и пол часовна бурна дикусија рече дека пожари има секаде во регионот.Таа изрази загриженост што голем дел од пожарите се подметнати, но дека голем дел од постапките се во предистрага.

Претседателката најави измени на законската регулатива и следење со камери и дронови за да се лоцираат подметнувачите.

„Од Владата изложија низа мерки кои во иднина ќе ги применуваат, ќе се менува Законот за справување со кризи за да се оневозможи паралелно постапување”, рече Сиљановска – Давкова.

Потенцираше дека се ангажирани волонтери, приспособени се возила. Таа вели дека на седницата биле презентирани билтени од страна на нејзиниот претставник кои се испраќаат до надлежните институции, но на седницата било дискутурано дека многу ситуации може да се предвидат со помош на вештачката интелегенција.

ДЕСЕТ МЛАДИ ОДАТ НА ОБУКА ЗА ПИЛОТИ

Десет лица ќе се стекнат со дозвола од областа на летечките операции со обука кофинансирана од државата преку Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ). Уверенијата на 10-те кандидати за пилоти денеска им ги врачија вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски и директорот на АЦВ Драги Стојаноски. 

АЦВ на 1 јули објави јавен повик за кофинансирање до 50 проценти на обуки за 27 лица, по што следуваше тестирање на кандидатите. Уверенија  за кандидати за приватен пилот на авион PPL-A SEP land добија седум лица, за пилот на ултралесни воздухоплови (ULPL) две лица, а за пилот на едрилица по програма со аерозапрега (SPL) едно. 

МИШКО РАЛЕВ СЕ ПРИКЛУЧИ НА ТИМОТ НА ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ

Мишко Ралев, кој до пред неколку дена беше еден од двајцата најсериозни конкуренти да бидат предложени за кандидати за градоначалник на Град Скопје со поддршка од СДСМ, од денес е дел од тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

Ова го соопшти самиот градоначалник на Кисела Вода. За Ралев како професор и архитект се шпекулираше дека самиот го известил СДСМ дека не сака да биде кандидат за градоначалник поради голема веројатност да биде поразен. СДСМ потоа објави дека на локалните избори ќе оди со Каја Шукова како кандидат.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Четири лица ќе имаат среќа да се вработат во Регулаторната комисија за енергетика на Македонија. А под среќа, навистина мислиме дека треба да се сметаат за среќни избраници бидејќи платите кои се ветуваат во огласите се за пофалба. РКЕ преку оглас бара кандидати за четири работни места, а притоа нето платите надминуваат 1.000 евра месечен приход, односно почнуваат од 69 илјади денари, а за една позиција се нуди плата над 80 илјади денари.

Тендери за реконструкции и изградби од помала вредност се распишуваат од страна на повеќе општини во Македонија, пред да почне изборната трка. 

Кога ќе слушнеме дека одреден лек е поевтин од другиот, инстинктивната реакција често е искажување на скепса:„Зошто е толку евтин?“„Дали е помалку квалитетен?“, „Дали е еднакво ефикасен?“,Но дали пониската цена навистина значи и полошо лекување?

Владата му одобри на општина Пехчево да издаде огромна површина на државно земјиште под долготраен закуп според урбанистички план за изградба на фотонапонска централа, нарачан од ХЕК Солар, еден од стратешките инвеститори кои помина како неозаконет кон крајот на манадатот на минатата власт.

Контроверзната фирма „2 СС“ од Кичево, инаку блиска до ДУИ, е еден од доверителите во отворената стечајна постапка над деловниот центар „Соравиа“ во центарот на Скопје. Името на оваа агенција за обезбедување се најде во Одборот на доверители одобрен од Основниот граѓански суд Скопје за „Соравиа Инвест - во стечај“ како стечаен должник. Останати доверители во одборот се сметководственото биро од Тетово - А-З Консалтинг и Управата за јавни приходи.

фото Фејсбук/Гордана Сиљановска-Давкова

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот