19 Декември, 2025
0.0575

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ѓавато се санира и наскоро повторно ќе го полни Дојранското Езеро

Објавено во: Македонија 22 Август, 2025 22:25

Добивај вести на Viber

ЃАВАТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ПОСЛЕДНИВЕ ТРИ-ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Имало апели до претходната влада дека хидросистемот Ѓавато не функционира последните три-четири години, но немало никаква реакција од државата, рече премиерот Христијан Мицкоски, кој беше на увид на состојбата на хидросистемот.

„Добро е што излеговме да видиме лично што се случува и да можеме од лице место да направиме дијагностика по која потоа ќе постапиме. Детектирани се места каде што имаме пукнати цевки, кои треба водата да ја донесат до базенот, од каде со други пумпи, водата ќе биде однесена до Дојранското езеро. Што значи дека се трошат ресурси за систем кој што 3-4 години функционира со расипан цевковод. Благодарение на општествено одговорна компанија, се пристапи кон санирање на овие цевководи и очекувам да бидат санирани во наредните неколку дена, со што ќе се зголеми огромен капацитет на вода која ќе доаѓа до резервоарот, која потоа ќе биде пренасочена кон езерото. Станува забор за две бунарски потопни пумпи. Капацитетот е 10, другите 8 не работат. Овие две имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја, иако вкупниот капацитет е еден кубик, односно 1.000 литри во секунда. Планираме во најкраток рок да оспособиме најмалку 4, а потоа дополнителни две, со што ќе биде исцрпен капацитетот за да во најскоро време, езерото го добие оној изглед кој заслужува да го добие“, рече Мицкоски. 

На следната седница, владата ќе ја задолжи фабриката за опрема и делови на РЕК Битола да санира уште две цевки, за да се зголеми капацитетот на вода.

АМАР МЕЦИНОВИЌ Е КАНДИДАТ НА ЛЕВИЦА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ

Пратеничката на Левица, Јована Мојсовска на Фејсбук соопшти дека кандидатот на Левица за градоначалник на Град Скопје е Амар Мециновиќ .

„И официјално, Амар Мециновиќ е кандидатот за градоначалник на левица за град Скопје!

Ќе звучам нескромно, ама Амар е убедливо ѕвезда на политичката сцена и ги поместува хоризонтите на политичкото и општественото делување. Скопјани прв пат ќе имаат шанса да гласаат за млад и бунтовен лик, кој го живее духот на Скопје и кој го памети Скопје во едно друго време, кога градот имаше живот и сјај.

ПОЖАР ИМА КАЈ ТУМЧЕВИШТЕ

Активен е пожарот кај селото Тумчевиште, а под контрола се пожарите во Јасен и во прилепско. 

Само еден активен пожар има вечерва во земјава и тоа кај селото Тумчевиште, во Општина Врапчиште, информираат од Центарот за управување со кризи. Под контрола денеска до 18:30 часот се ставени три пожари, а изгаснати се 11.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Често слушаме дека „превенцијата е подобра од лекувањето“, но ретко размислуваме за економските придобивки од оваа стара, едноставна мудрост. Во реалноста, превенцијата не само што ја подобрува здравствената состојба на населението, туку е и најисплатлив фармакоекономски модел. 

Интересот за кредити не спласнува. Македонските граѓани користат кредити за големи инвестиции, но и за секојдневни потреби. За разлика од минатото, кога доминираа потрошувачките кредити, последниве месеци, но и години, доминира побарувачката на станбени кредити. Сепак, двете категории доминираат.

Примената на Законот за решавање банки ќе се одложува, а предлогот за ова веќе е доставен во Собранието на Македонија.

Само една компанија доставила понуда до Агенцијата за електронски комуникации за доделување фреквенции за трет мобилен оператор

Девет нови компании ќе заработат кривични пријава, под сомнеж за испраќање лажни фактури – една во сметководство, друга во ревизија, трета во Фондот за иновации и технолошки развој, дознава Фактор. Дел од овие фирми, според нашите информации, меѓусебно си наплаќале кирии, користеле исти софтвери и исти алатки, а предметите веќе се подготвени за пријава. Има и компании кои зеле државни пари преку ФИТР, а кои се под ревизија.

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот