18 Декември, 2025
0.2052

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Maж во Чаир ја нападна Данела Арсовска, партиите го осудија инцидентот

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 22:20

Добивај вести на Viber

ВО ЧАИР МАЖ ЈА НАПАДНА АРСОВСКА

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва се вклучи во живо откако како што вели повеќе од 2 часа поминала во полициска станица каде го пријавила случајот за нападот врз неа кој денеска се случи во Чаир. 

Арсовска вели дека во оваа држава правда не може да се очекува затоа што полицијата ги штити криминалците.

Таа вели дека наместо да постапува полицијата, инспекторите ја прашувале Арсовска што барала на тоа место во Чаир.

ПАРТИИТЕ ГО ОСУДИЈА НАПАДОТ

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски реагира за денешниот напад во Чаир, каде маж ја удри скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

„Ќе дозволиме ли утре некој да нè шутне сите? Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок. Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство. И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче го осуди нападот кој денеска се случи во Чаир врз скопската градоначалничка Данела Арсовска. 

ТОШКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА АРСОВСКА НЕ ГО ПОТПИШАЛА ПОЛИЦИСКИОТ ЗАПИСНИК

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на Сител ТВ, говорејќи за денешниот инцидент на градоначалничката на Град Скопје, кажа дека Данела Арсовска не го потпишала полицискиот записник. 

„Дошла во полициска станица, била примена од страна на полициските службеници, отпочнале со полициски дејствија. Меѓувремено контактирале јавен обвинител. Лицето коешто го навела како такво е приведено е во полициска станица, и плус други две лица коишто вербално се заканувале. И пазете сега. При составување на записникот и примање на пријавата од страна на госпоѓата, истата станала и си отишла. Не потпишала записник. Замислете“, изјави Тошковски.

ЖЕЉАЗКОВ БАРА МИЦКОСКИ ДА СЕ ИЗВИНИ

Бугарскиот премиер Росен Жељазков го прозва македонскиот колега Христијан Мицкоски  и рече дека треба да најде начин да се извини, откако вчера со бугарскиот министер за надворешни Георг Георгиев си разменија остри зборови. 

Бугарскиот премиер денеска порача дека ќе го остави наративот и изразувањето на премиерот Мицкоски на познавачите на старогрчкиот писател на басни Езоп.

Според него, многу луѓе во Бугарија не се задоволни од постигнатиот компромис во 2022-та година, но вели дека политичката зрелост бара да се спроведе она што е договорено.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

„Македонски навигации“ објави уште еден оглас за нова тура на вработувања на неопределено време, додека во тек е претходниот од 13 јуни кој крена прашина во редовите на самиот синдикат на вработените и покрена реакции на негодување. Платите што се нудат, како и претходно, достигнуваат до околу 100.000 денари.

Сумата за осмислување и реализација на саемско претставување на Македонија на ЕКСПО нагло пораснала – Ако за претставувањето во Токио во 2025 година биле потрошени 168 илјади евра, за истото во 2027 година во Белград ќе бидат дадени 1,7 милиони евра.

Верувам дека големо мнозинство од пациентите и здравствените работници би посакале поголема достапност на модерни терапии во Македонија. Иако овој проблем е многуслоен и оваа колумна нема за цел а го реши, поголема примена на фармакоекономскиот пристап дефинитивно може значајно да ја унапреди нашата ‘’застарена’’ позитивна листа на лекови.

Единствениот апликант на конкурсот „ОХО продукција“ и Игор Стоименов, режисерот на познатата серија „Беса“, ќе го реализираат играниот филм за Тоше Проески со копродуцент од странство. Неофицијално дознаваме дека тоа е продуцентската куќа на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ. 

Низа реакции се појавија на социјалните мрежи откако вчера, Центарот за управување со кризи испрати пораки до дел од граѓаните, со содржина: „Ве известуваме дека има прогласена кризна состојба во врска со пожарите и ве информираме дека на сила е забрана за движење во шумите“.

Во гаснењето на пожарите во Македонија, деновиве се вклучи и месното население, но доколку овие луѓе немаат поминато никаква обука, потребно е да почитуваат одредени правила за да се заштитат. Во битката со огнот не треба да се вклучуваат лица кои веќе имаат одредени здравствени проблеми. Сите кои ќе гаснат пожар, не треба премногу да се доближуваат до жариштето и треба да внимаваат огнот да не ги опколи.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми