05 Октомври, 2024
0.0287

ФАКТОР НА ДЕНОТ: МВР најавува дека налепниците НМК ќе бидат бесплатни, a се размислува и за рефундација на пасошите

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

НАЛЕПНИЦИТЕ „НМК“ ЌЕ БИДАТ БЕСПЛАТНИ

Граѓаните нема да ги плаќаат налепниците „НМК“ за промена на регистарските таблички. 

Лепенките со „НМК“ за промена на регистарските ознаки ќе бидат бесплатни. Министерството за внатрешни работи(МВР) од својот буџет ќе одвои пари за нив.

Но, на десетина дена пред истекување на крајниот рок за промена на личните документи, налепниците не се стигнати. Казни за оние кои нема да успеат да ги променат своите регистарски ознаки нема да има, но нема да може ниту да ја напуштат државата.

СЕ РАЗМИСЛУВА ЗА РЕФУНДАЦИЈА ЗА ПАСОШИТЕ

Се разгледува можноста државата да компензира за тие кои имаат важечки пасоши, а заради договорот треба да ги сменат, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи. 

Османи кажа дека од 12 февруари патните документи со старото име нема да важат. За граѓаните кои треба да се вратат во државата, а не ги смениле документите, тој напомена дека треба да бидат во комуникација со дипломатско конзуларните претставништва, преку кои ќе бидат упатени за понатамошна постапка. Тој нагласи дека се гледа и можноста за рефундација.

ШТРАЈК ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО

Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување ја известува јавноста дека од понеделник, 5 февруари, стапува во штрајк. 

Ќе ги извршуваат само нужните и неопходните работи. 

„Сакаме да ја известиме јавноста дека сите подрачни единици на ФЗО ќе штрајкуваат и ќе ги извршуваат само нужните и неопходни работни задачи и тоа: пријава на малолетно лице како член во осигурување; регулирање на осигурување за хоспитализирано лице; лекување во странство за итни случаи, а само еден вработен во подрачните единици ќе биде задолжен за прием на документи“, се вели во соопштението од Синдикатот на УПОЗ.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Со законско решение Владата го договара стратешкиот инвеститор за изградба на соларна електрична централа во Пехчево. Во предлог законот доставен во Собранието може да се види дека ќе се потпише договор со Друштво за производство, трговија и услуги ХЕК СОЛАР МК ДОО Негрево, Пехчево, кое ќе биде стратешки инвеститор за овој голем проект.

Многу млади луѓе кај нас работат од дома и велат дека таа работа им се допаѓа и има повеќе предности. Се чувствуваат комотно во домашни услови, не стануваат порано за да се спремат за на работа, но и заштедуваат така што не патуваат до работно место. 

Агенцијата која го продава одземениот имот стекнат од нелегални активности или подобро речено од криминал, бара да вработи нови луѓе, бидејќи имала зголемен обем на активности, ама изгледа нема доволно средства да им обезбеди и мотивирачки плати.

Клучни новости се следниве: Стопанска банка Скопје лани прокнижи 104 милиони евра раст на кредитирањето. Воедно оствари најголем износ на нето приходите од камати, а е единствена во конкуренција на најголемите банки што бележи пад на нето приходите од провизии и надоместоци. Добивката е рекордна во 80 годишното постоење на банката и изнесува 56 милиони евра


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи