05 Октомври, 2024
0.0482

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Раскол во Алијанса за Албанците, се случија два инциденти

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

РАСКОЛ ВО АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

Претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари се јави со реакција откако утрово најде куршум пред својот дом, ден по превирањата во партијата. 

„Полициски екипи денеска беа кај мене дома, како што видовте во медиумите, бидејќи таму беше пронајден куршум со кој беше испратена јасна заканувачка мафијашка порака. Жал ми е за моето семејство и особено за мајка ми која особено лошо ја доживеа оваа ситуација. Жал ми е за тие политичари кои покажуваат дека нивниот аргумент да замолчи нечиј глас се куршумите, куршуми кои ме потсетуваат на Италија од 1992 година каде мафијата го уби познатиот судија Џовани Фалконе… Но, до тука ми е жал… тука завршува моето жалење и започнува мојата радост затоа што разбирам дека оние што ја држеа оваа земја како заложник се во очај на загуба! Секој што ќе остане без зборови, а му остана само куршумот е во голема неволја… На било кој што го фрлил тој куршум, му велам дека и тешка артилерија да користи, ПРОМЕНАТА ПОЧНА И НЕ МОЖЕ НИШТО ДА ЈА ЗАПРЕ!“, вели во својата реакција преку социјалните мрежи Таравари. 

Додава дека илјадници луѓе веќе се на нозе. 

„На Алијанса е да одлучи дали ќе оди на Запад или ќе оди на Исток“, вели премиерот Димитар Ковачевски. 

Во Алијансата за Албанците има раскол, поради што за помалку од 24 часа се случија два инциденти. 

ОД СРЕДА ПО 14 ВРАБОТЕНИ ВО МВР ЌЕ СЛИКААТ ЗА ПАСОШИ

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, за телевизија Телма најави дека пунктовите за пасошите, како тој во полициската станица Пролет, се популистички мерки, кои, како што рече, се многу слабо менаџирани. 

Тој најави дека во следниот период ќе се воведе двосменско работење за да им се излезе пресрет на граѓаните.

„Од среда пунктот пролет го враќаме во целост во системот на нормалност и системот на правилно функционирање на оваа постапка во рамки на министерството. што значи тоа? тоа значи наместо популистички методи, јако најавувани, кои што катастрофално се менаџирани, со четворица луѓе кои фотографираат на 10 базни станици, од среда предметниот пункт ќе функционира со 14 базни станици, со 14 фотографи, луѓе, полицајци вработени во МВР, коишто доброволно се ангажираа да и помогнат на Македонија, и од срце им благодарам за тоа, и ќе бидат соодветно во рамки на закон наградени за тоа, достоинствено, а не како до сега праќани под казна.

ПУШТЕНИ СЕ ПАРИТЕ ПРЕД ПРОТЕСТОТ НА СТУДЕНТИТЕ

Пред протестот на студентите пред Министерството за образование и наука,министерот Јетон Шаќири на социјалните мрежи објави дека на нивните сметки се префрлени парите од стипендиите.

„Драги студенти, Додека го читате овој пост на вашата сметка ги имате средствата за стипендија сите вие студенти кои ги исполнивте условите за продолжување и ретроактивното плаќање со спогодба. Искрено сакам да изразам благодарност до сите сектори низ кои се одвива процесот на стипендиите додека не стигнат до вас.

ЧИТАЈТЕ УШТЕ

Овој викенд имаше долги колони возила и се чекаше по еден час на граничниот премин Табановце. Граѓаните ја користат шансата да прошетаат во Србија или да посетат роднини додека сè уште им важат старите документи.

Годинава ќе се потрошат, односно ќе се позајмат уште 50 милиони евра од кинеската Ексим Банка за доизградба на автопатот Кичево - Охрид, пишува во објавената програма на Јавното претпријатие „Државни патишта“ за 2024.

Државниот завод за статистика (ДЗС) во два огласи унапреди вкупно 21 лице меѓу кои четворица станаа раководители на одделенија и сектори, а 19 лица се унапредени во соработници, виши соработници и советници

Уште три договори за стратешки инвестиции стасаа пред пратениците. Владата предлага да се потпишат договори за стратешко партнерство со Друштво за трговија и услуги АИМ Греен Тецх, Друштво за производство на електрична енергија ОСТРО СОЛАР и со Друштво за производство на електрична и топлинска енергија МИТИЛИНЕОС сите од Скопје.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи