Ѓорчев на локална партиска турнеја го напаѓа СДСМ
Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2016
Влатко Ѓорчев е дел од партиската предизборна турнеја која се одвива на локално ниво низ повеќе места во Македонија, а денес беше посетена Брвеница од каде беа упатени обвиненија против СДСМ и опозицијата дека водат деструктивна политика која е на штета на државните интереси.
„Од една страна имаме деструкција, да се нанесе што е можно повеќе штета на Македонија и кризата да биде што подолга, а од друга страна, ние сакаме да се изградат што е можно повеќе градинки и да се реконструираат што е можно повеќе училишта“, изјави Влатко Ѓорчев за време на посетата на Брвеница.