05 Октомври, 2024
0.0294

ИОК: Легитимни се само резултатите од редовното изборно собрание на МОК

Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го признава како легитимно единствено редовното изборно собрание на Македонскиот олимписки комитет (МОК) закажано на 8 февруари. Секоја друга иницијатива или состанок, свикани и организирани надвор од официјалниот статут на МОК, е нелегитимна и неприфатлива за ИОК.

По иницијативата за вонредно изборно собрание на МОК на 6 февруари, високи претставници на ИОК испратија писмо до MOK во кое изречно потенцираат дека за нив легитимно е само редовното изборно собрание кое е уредно свикано во согласност со статутот и актите на МОК. Писмото е потпишано од Џејмс Маклиод, директор за односи меѓу националните олимписки комитети во ИОК и Жером Поиве, директор за правни прашања во ИОК, кои нагласуваат дека ниту еден состанок на националниот олимписки комитет не може да се свика или одржи надвор од овластувањата на МОК.   

- Следствено, се очекува членките на вашиот национален олимписки комитет да присуствуваат на редовното изборно собрание на 8 февруари 2024 година и да не се поврзуваат со некаков паралелен состанок или иницијатива. Ве молиме информирајте нѐ за резултатите од вашето редовно изборно собрание на 8 февруари 2024 година – пишува во официјалното писмо што ИОК го испрати до МОК.

Пред редовното изборно собрание, до крајниот рок наведен во правните акти, беше поднесена само една предлог-програма за кандидатура за претседател на МОК во следните четири години. Предлог-програмата ја поднесе актуелниот претседател на МОК, Даниел Димевски.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ВИКЕНДОВ, ТЕТОВО НАЈПОГОДЕНО: Ова се сцените од синоќа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поплави во Тетово, во Босна има и жртви

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

ТЕТОВО: Поплавени се неколку улици и дворови

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА УТВРДИ: Приватен универзитет не постапил правилно со тоа што отпуштил шест жени Македонки

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

ОЈО: Koсовец го пресекол патот на полицајци, правел маневри и овозможил камион да побегне

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

„МОРА И ВЕНКО НЕШТО ДА КАЖЕ“: Се огласи Мицкоски за понудата на Филипче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ОБВИНЕТИОТ БОРЕ ВИДЕВСКИ НА НЕФРОЛОГИЈА ПОРАДИ ВЛОШЕНО ЗДРАВЈЕ: Одложено судењето за убиството на Вања и Панче

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

ПОЛОВИНА ОД МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР НА ДОГОВОР ДОБИВА ТРАЈНА РАБОТА: Таравари ветува решение за долгогодишниот проблем

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи

„НИКОГАШ НЕ ПОБЕДИЛ НА НАТПРЕВАР И НА ИЗБОРИ, А СЕКОГАШ Е ШАМПИОН И НА ВЛАСТ“ - новинарот Фуркан Салиу за Мендух Тачи