16 Октомври, 2024
0.1309

ТАТКОТО БИЛ КОНФУЗЕН ВО ИЗЈАВИТЕ, ТВРДЕЛ ДЕКА ВАЊА Е КИДНАПИРАНА И УБИЕНА: Еве што вели сведокот од полицијата

Објавено во: Македонија 16 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Со испитување на сведоци на предлог на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. На денешното рочиште ќе сведочат Музафер Калишиќ и Ристе Самарџиев.

Калишиќ во сведочењето истакна дека таткото на Вања, Александар Ѓорчевски бил конфузен во изјавите. 

„Мајката беше посталожена. Првиот впечаток за таткото беше чуден за мене но и за другите колеги, по разговорот анализиравме дека тој беше конфузен, потиштен во многу изјави“ рече Каришиќ, кој тогаш тој бил Помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

Калишиќ рече дека потрагата се одвивала заедно со таткото и со роднина на семејството. Прво биле во Капиштец во еден од семејните станови.

Мајката бараше да се оди, да се прави претрага, но тој рече дека веќе бил таму и нема зошто да се оди. Станот беше во Капиштец, влеговме во подрумските простории, во гаражата, се качивме со лифт во зградата, станот го отворивме со клучеви, баравме дали има некакви детали, но Александар цело време велеше дека ќерка му е киднапирана и бараше да се преземат други мерки. Тоа траеше пет-десет минути во станот, баравме да не се сокрило девојчето некаде, потоа се вративме во возилото. Јас се јавив и барав информации кој дел не е пребаран, ми кажаа дека Капиштец, и ние тргнавме да пребаруваме“ рече тој.

Калишиќ вели дека Александар велел дека џабе одат, џабе бараат и дека останал во возилоѕо, запалил цигара и не излегол од возилото. Го прашал зошто не излегол, но тој повторно рекол дека Вања е киднапирана и убиена.

Откако и на Средно Водно се повторила истата слика, началникот разговарал со роднината, прашувајќи се зошто таткото не излегува од возилото. Роднината одговорил дека го прашал Александар зошто така мисли, дека девојчето е киднапирано, дали должи некому, дали има некои проблеми, закани, но тој негирал.

Обвинителот потоа прашал дали таткото навел некоја причина зошто мисли дека девојчето е киднапирано, Александар не дал одговор. 



Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

(ВИДЕО) Патот Скопје - Блаце со дупки по осум месеци од реконструкцијата

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ ПОД БУГАРСКИ ДИКТАТ: Николовски дециден, „имаме јасна позиција“

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

„ТАМУ Е МАЛЕНКОТО ШТО ГО БАРАТЕ“ - ФРЛЕНА НА ДЕПОНИЈА ПОД ПЕРНИЦИ: Калишиќ детално сведочеше како ја нашле Вања

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

ЃОРЃИЕВСКИ ПОДГОТВУВАШЕ ПОСНИ ОБРОЦИ: Ослиќ и тавче гравче за одбележување на Светскиот ден за борба против гладот

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

Обвинителство: Во бегство еден од учесниците во пукањето во Чаир

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

Како ДУИ ќе „протурка“ до локалните избори?

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ЕДУЦИРА ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот

Реконструкцијата на Палата АСНОМ ќе продолжи со анекс на проектот

Венко Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да не молчи, категорично сум против паралелна Академија на науки и уметности

Венко Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да не молчи, категорично сум против паралелна Академија на науки и уметности